Каква мајка, таква ќерка – ќерката на Мадона шокираше со својот изглед - Канал 5

Каква мајка, таква ќерка – ќерката на Мадона шокираше со својот изглед

Лурдес Леон едвај ги дочека своите 5 минути слава.

Каква мајка, таква ќерка – ќерката на Мадона шокираше со својот изглед

Мадона одамна престана да нè шокира со нејзините бројни испади. Од неа сме навикнати буквално на сè, па се чини дека не постои комбинација на облека која би можела да нè изненади, кога е таа во прашање. Токму затоа, нејзината ќерка Лурдес Леон едвај ги дочека своите 5 минути слава.

Овој пат на отворањето на продавницата за костими за капење на Ким Кардашијан во Мајами се собраа голем број светски познати личности, а меѓу гостите беше и наследничката на Мадона, Лурдес.

Изгледа дека нè научила ништо од нејзината мајка во однос на стилот, по кој Мадона е препознатлива во последните децении.

Иако мислевме дека веќе ништо не може да не изненади од неа, сепак бевме воодушевени од нејзиниот изглед на отворањето на продавницата.

Но, она што го носеше Лурдес, со еден збор, беше лоша комбинација на бунт и невкус, со елементи на евтина јавачка на циркуски слон.

Проценете сами дали ова е здолниште или појас. Изгледа дека ни на самата Лурдес тоа не ѝ беше јасно, бидејќи таа го носеше како здолниште, а сето тоа го искомбинирала со сребрени сандали.

Мадона би требало да води сметка како се облекува нејзината ќерка на јавни настани, или како не се облекува.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жена (54) е уапсена во Солун бидејќи во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и домашни миленици, соопшти грчката полиција.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жената вчера попладне завршила со лисици на рацете, по инцидент што го имала со Алжирка (35), при што ѝ се заканувала, по што на лице место пристигнала полицијата, пренесува Прототема.

Во истрагата што следела, полициските службеници од одделот Терме утврдиле дека Гркинката во својот стан чувала околу 120 кучиња, 70 мачки и десетина кози, без да им обезбеди удобно, здраво и соодветно домување, што ја загрозувало благосостојбата на животните.

Против неа е поднесена пријава за закани и кршење на законите за животните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

Маратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. 

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

„Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот.

Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево.

ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Сликата „Шарен живот“, познато дело на рускиот сликар Василиј Кандински, беше продадено на аукција вчера вечерта за речиси 32 милиони евра, објави лондонската куќа Кристи.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Познатото масло на платно висеше во музејот Ленбаххаус во Минхен со децении. Пред три години беше класифицирано како дело украдено од нацистите, па затоа беше вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн.

Кит Гил од аукциската куќа Кристи објави пред аукцијата дека сликата го покажува развојот на уметничкиот јазик на Кандински и најавува извонредна промена во стилот во годините што следеа, пишува dpa. Гил, исто така, нагласи дека делото е длабоко поврзано со културното наследство на родната Русија на Кандински.

Едно од клучните дела на неговото творештво

Сликата прикажува стари руски мотиви и ликови од бајките, а Кандински ја насликал за време на престојот во Париз под влијание на фовизмот, симболизмот и арт нувото. До ден-денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво.

Сликата била купена во 1927 година од страна на брачниот пар Левенштајн од Амстердам. По смртта на нејзиниот сопруг, Емануел Алберт Левенштајн, во 1930 година, неговата вдовица, Хедвиг Левенштајн Вајерман, го позајмила делото на Музејот Штеделајк.

Откако германските сили ја окупирале Холандија, делото било продадено на аукција во октомври 1940 година. Според „Кристи“, највисокиот понудувач во тоа време бил колекционерот Саломон Б. Слијпер. Неговото семејство ја продало сликата во 1972 година на Баварската државна банка, која ја предала на Музејот Ленбаххаус во 1973 година, пренесува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер