О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
3Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
МакедонијаКаква храна се продава покрај училиштата- изречени 15 забрани од АХВ696 килограми небезбедни производи и храна од непознато потекло се запленети, а на 15 објекти за храна им била дадена забрана за вршење на дејност од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ направиле 445 инспекциски контроли. Станува збор за објекти во близина на средни и основни училишта каде учениците купувале оброци. Кај дел од објекти биле забележани лоши хигиенски услови, а 26 работеле без да бидат регистирани во агенцијата за храна и ветеринарство. Дел од објектите немале редовна дезинфекција, дезинсекција и деритезација, а во дел од објеките за храна вработените немале задолжителен и санитарен преглед. „ Онемале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“ изјава Оливер Миланов директор на АХВ. АХВ изрече 77 парични казни со вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се и 103 решенија со задолжение операторите да ги отстранат недостатоците, како и 23 опомени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарностаАмериканците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен. Значително повисоки цени на горивото Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина. Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период. „Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“ Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди. It’s that time of year: There’s heavy traffic on the 405 Freeway as Southern Californians head to their Thanksgiving destinations. https://t.co/mGWekhVHle — ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026 Неодамнешен пад Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот. Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец. Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки. Факторот Иран И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ФудбалВидео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма. Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите. Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна. Jude Bellingham 🤯 what a goal 🔥🪄 https://t.co/5QGTsdnTCc — 🧱 (@Ah_3ig) November 24, 2026 По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи: „Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.Тагови: Белингем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00