Како заработуваат некои „инфлуенсерки“? - Канал 5

Како заработуваат некои „инфлуенсерки“?

Една 24-годишна инфлуенсерка решила да го открие тајниот свет од клиенти кои ѝ плаќаат неверојатни суми.

Како заработуваат некои „инфлуенсерки“?

Ерика Норт вели дека заработила вистинско богатство, а нејзината работа е само, како што вели, „да изгледа феноменално на забавите“.

- Уште од средно редовно ме ангажираа да правам атмосфера на забавите. Тоа значи дека мојата работа е да бидам убава и да се погрижам гостите добро да се забавуваат. Работам на корпоративни настани, но и на приватни забави за клиенти кои сакаат нивните забави да останат запаметени - вели таа.

- Доживеав сè: ме капеа во шампањ и ми плаќаа незамислив луксуз. Еднаш му предложив на еден клиент после забава да одиме во неговиот стан и да направиме наш стриптиз клуб. Беше толку воодушевен што ми даде 200 долари само за идејата. Сепак, беше досадно и не одеше како што замислував. Сепак добив одлични пари. Клиентите ме опсипуваат со банкноти од по 100 долари, тоа често се случува кога ќе почнам да играм - вели таа.

Клиентите покрај мене често ангажираат познати Јутјубери или модели од Инстаграм.

Има многу предрасуди во врска со мојата работа, но тоа ми е вообичаено за мене, јас се гордеам со тоа. Сите знаат што правам, вклучително и моите родители. На овој начин, запознав многу важни и богати луѓе и зад себе имам искуства кои инаку никогаш не би ги имала. Преку оваа работа ги запознав и моите најблиски пријатели - вели таа.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

*А. Инфлуенсер е лице кое има кредибилитет на социјалните медиуми или блогосферата и дека може да „влијае“ на мислењето на големи групи луѓе.

Општо, влијателни тие се експерти за некоја тема или развиваат линија на содржини на конзистентен начин, што ги прави поединци препознаени од публика со која споделуваат заеднички интереси.

Каква е експертизата на оваа девојка? Се деформира значењето на поимот инфлуенсер во јавноста, да изгледа понаивно и побезболно, а овде станува збор за ескорт девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.

Голема рација  во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести.

Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано.

Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот.

Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер