Како „Терминаторот“ стана најсилниот човек на светот (фото) - Канал 5

Како „Терминаторот“ стана најсилниот човек на светот (фото)

Татко му постојано му говорел дека е срам за семејството, а тој денес е еден од најпопуларните и најомилените бодибилдери, актери и гувернери на планетата.

Арнолд Шварценегер денеска полни 68 години.

Арнолд Шварценегер денеска слави роденден. Иако мислиме дека се знаеме за него – тој е Конан Варваринот и Терминатор, тој е полицаецот од градинката и најсилниот гувернер кој некогаш чекорел на планетата, сепак постојат неколку работи кои се уште ни се непознати.

Неговото семејство се срамело од него, бидејќи сонувал за “забранети работи“.

„Мојот татко беше полицаец кој сакаше да одам во војска, да се оженам со Хајди и да живеам среќно до крајот на животот. Децата во тоа време ги слушаа родителите, одеа по нивните стапки, а јас знам дека само сакав да побегнам од тоа место“ – изјави Арнолд.

„Се сеќавам дека еден ден видов еден магазин на кој на насловната страна беше Реџ Парк. На неа пишуваше: „Како мистер универзум стана Херкул“ и тогаш сфатив – тоа е тоа. Ова е мојата иднина. Во тоа време немаше бодибилдинг во Австрија. Пријателите ме исмеваа кога им кажав со што сакам да се занимавам и ми зборуваа дека сум будала и оти не треба да размислувам за такви глупости. Татко ми беше против идејата да станам бодибилдер и во една прилика ми рече дека го срамотам“ – се присетува популарниот Шварци.

„Беше 1965 година, имав 18 години и мојот татко ми договори средба со неговите пријатели од војската. Имаа план за мене – да станам тенкист. Отидов во војска. Никогаш не престанав да размислувам за тоа што сакам да бидам и постојано размислував како да тренирам сега кога сум во војска? Си реков самиот на себе дека ќе направам се за да станам најмускулестиот маж на светот – тренирав секој ден, трчав под полна опрема, чистев пушки, а потоа, кога останатите војници ќе паднеа од умор, јас тренирав уште три часа!

Наутро ќе станев пред сите и продолжував да тренирам. Правев стомачни и склекови. Во војска немаше тегови па морав да импровизирам.

Еден ден слушнав дека во Штутгарт ќе биде одржано натпреварување во бодибилдинг. Размислував да одам таму, но би морал да побегнам од касарната, а казната беше престрога – заминување во бункер, потполна изолација од неколку дена до неколку недели.

Секоја ноќ размислував за тао, дали да ризикувам се поради тоа натпреварување и после неколку непреспани ноќи се запрашав: „Арнолд што ти е на тебе? Никој не го сака тоа што ти го сонуваш – бодибилдинг, филмска кариера“.

Тогаш се сетив – на Рич Бак тоа му успеа. Решив да се фокусирам, да ја замислам својата цел и да тргнам кон неа.

Тоа и го направи – побегна од касарната и со воз отпатува за Штутгарт. На натпреварувањето не донесе никаква опрема, па мораше да позајми гаќи од еден друг натпреварувач кој го завршил претставувањето.

„Се сеќавам дека тие гаќи ми изгледаа како најмалите гаќи на планетата. Излегов, бев несигурен а тие постојано ме враќаа назад. Влегов во првите три, а публиката се посилно аплаудираше, а тогаш дојде време да се прогласи победникот....го слушнав моето име“ – се присетува Арнолд.

Арнолд победи и што е многу поважно сфати дека не “сонува глупав сон“.

По враќањето во касарната го фатиле при обидот тајно да влезе. Неколку дена поминал во бункер, а потоа претпоставените го повикале на рапорт.

„Се дереа на мене, викаа, јас се извинував, а потоа еден од нив ме праша „Вистина ли е дека си победил? Реков да, но малку ги излажав, им реков дека тоа е поради војската, тренингот и начинот на живот. Беа горди, но ми рекоа дека мораат да ме казнат. Ме ставија во кујната да чистам компири, но таму почнав да јадам се повеќе месо. Таа година “нафрлив“ 12 килограми мускули, а војската стана мојот тим. Претпоставените се решија да ми помогнат за да можам да тренирам, ми направија тегови и заедно направивме “подвижна теретана“ па така кога ќе идевме негде на терен, можев да ставам неколку работи во тенкот и да продолжам со вежбањето.

Актерот потоа посакал да започне со актерството, но луѓето околу него, повторно му говореле дека “зборува глупости“.

„Ми рекоа дека нема да успеам – акцентот ми е силен, преголем сум, седумдесеттите се, сите ги сакаат Дастин Хофман и Ал Пачино, погледни колку се ситни, никој нема да може да го изговори моето име....истото ми го рекоа и кога се кандидирав за гувернер.....И? Секој пат кога нешто ми зборуваа дека не можам, јас секогаш успевав!“ – изјавува Арнолд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер