3Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
ЗабаваКако се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?Фејсбук е една од најпопуларните социјални мрежи, која е погодна за откривање на некои карактеристики на луѓето кои се членови.Затоа нека не ве чуди што на основа на Фејсбук може да се одредат некои карактеристики на хороскопските знаци, но и обратно. Погледнете како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук. Овен Припадниците на овој знак се препознатливи на Фејсбук по тоа што се насочени кон себе и токму тие се оние кои ги обработуваат нивните фотографии во Фотошоп за да изгледаат совршено. Тие мора да бидат во тек со сите случувања, па често ги проверуваат настаните. Исто така, не одобруваат што било да им се објави на нивниот профил додека тие не го проверат тоа, па затоа не е чудно кога ќе се налутат, да го избришат својот профил, а потоа да направат нов. Бик Кога на Фејсбук ќе видите фотографии од луксузни работи, храна и места, тогаш бидете сигурни дека е во прашање личност која е Бик во хороскоп. Ним им се досадни пријателите кои објавуваат досадни стихови и песни, но затоа ги следат трендовите и голем број групи. Не објавуваат често свои фотографии, но затоа ќе ги избришат туѓите објави, фотографии и коментари доколку не им се допаѓаат. Најчесто се означуваат на патувања и на разни необични места. Близнаци Близнаците се оние кои се во состојба да нè бомбардираат со своите фотографии, но и со фотографии од нивните деца или партнерот. Тие редовно нè известуваат за сите нивни емоционални состојби, па често ги нервираат останатите, бидејќи овие не сфаќаат дека Фејсбук за Близнаците е само чиста разонода. Освен тоа, сакаат што преку него може да комуницираат со други луѓе, па затоа поштенското сандаче им е секогаш полно. Рак На Раковите во суштина Фејсбук им е досаден, но кога се активни на оваa социјална мрежа, тогаш нивните објави најчесто се противречни – од весели и оптимистични па сè до „ќе ве убијам сите“ објави. Оваа мрежа им служи за да ги следат луѓето со кои изгубиле контакт, но и во тоа не се премногу активни. Сепак, ќе се пофалат со работи кои им значат, како што се роденденот на нивното дете, новата врска или пак брак. Лав Лавовите сакаат да привлекуваат внимание, па често ги бомбардираат своите пријатели со објави и фотографии на кои многупати се во секси пози. Редовно ги следат туѓите профили, ги „лајкуваат“ фотографиите и објавите на сите, а со некои луѓе ги одржуваат односите исклучиво преку социјалните мрежи, кои како да се создадени за нив. Најчесто имаат и многу пријатели. Девица Девицата ги следи трендовите и сака да биде во тек со сите настани, но на Фејсбук не ја открива нејзината приватност. Нив ќе ги забележите како коментираат на актуелните социјални и политички теми, а ќе бидете среќни ако воопшто најдете нивни лични фотографии. Тие се толку мистериозни, што нема да се означуваат каде се, бидејќи не сакаат другите да им навлезат во нивната трага. Вага Фејсбук профилот на личноста која е Вага во хороскоп е убав и шаренолик, секогаш со уметнички и апстрактни слики, додека тие сами на своите фотографии користат разни филтри, бидејќи сакаат да изгледаат поразлично. Имаат многу пријатели, но сепак не ги користат толку многу социјалните мрежи како што изгледа. Омилена активност им е блокирање луѓе, додека често после прегледувањето на туѓите објави сфаќаат дека Фејсбук е навистина досаден. Скорпија Скорпиите се делат на два вида – оние кои претерано ги користат социјалните мрежи и ониe кои имаат профили чисто онака. Првите ќе објават сè за да ги воодушеват големиот број пријатели со духовити или паметни забелешки за социјалните трендови или настани. Другите пак, имаат строго ограничени поставки на приватноста, па никој не може да види што имаат на нивниот профил. Стрелец Припадниците на овој знак се најчесто оние што објавуваат духови постови, решаваат разни комични тестови на личноста и пишуваат забавни коментари на туѓите статуси и фотографии. На нив социјалните мрежи им се вистинска забава, иако понекогаш сакаат да стават свои заводнички слики за да го зголемат своето его. Имаат многу пријатели, но во глобала, Фејсбук за нив нема големо значење. Јарец Јарците секогаш водат сметка за тоа каков впечаток им оставаат на своите пријатели, па ќе им се налутат на оние кои на нивниот профил ќе постават некоја дискриминирачка фотографија или коментар. Не објавуваат често постови и фотографии, бидејќи не сакат да излезат како оние што постојано „висат“ на Фејсбук, но се редовни во проучувањето на она што го прават другите. Профилите ги користат најчесто за промовирање на работните активности, туѓи или свои и ги одбиваат понудите за пријателство од личностите што не ги познаваат. Исто така, го кријат својот љубовен статус. Водолија Припадниците на вој знак, исто како Стрелците, најчесто објавуваат смешни видео записи, фотографии и вицови. Сакаат да праќаат пораки, па со нив може да заведуваат или само да го „загреваат“ пријателството. Постојат периоди кога се активни секојдневно, а потоа со месеци не го отвораат својот профил. Своите фотографии ги ставaат од забава и скоро да не им е важно како изгледаат, туку најбитно им е да се поразлични. Риби Како еден од најкреативните знаци, на Рибите им е најважно нивниот профил да изгледа оригинално. Ставаат фотографии на кои се со своите пријатели и со семејство, но не такви каде што се сами, бидејќи не сакаат да привлекуваат внимание. Но, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за нив од социјалните мрежи, обидот ќе ви биде залуден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОткриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет денаЗакарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“. Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин. „Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа. Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми. Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание. Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела. Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура. Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа. „Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше. Пократок мандат од Скарамучи Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи. „Беше чест да работам за него“, напиша таа. Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа. Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал. „Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Кејти Закарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролерПолесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама. We've got a little something new to show you! Hop into your favorite games with our pocketable XBOX Nano Controller: https://t.co/DPU58BuTEm https://t.co/c2jYeeaLI4 — XBOX (@XBOX) October 14, 2026 И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени. „Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите. Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство. „Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Xbox Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПаника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границатаАмерикански шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија. Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот. Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter