Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
2Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЖивотКако се лекуваат интернет зависниците ?Во многу земји прекумерната употреба на интернетот се смета за штета по здравјето, но Кина е една од првите змеји каде таа е прогласена за ментално пореметување. Во Даксинг, предградие на Пекинг се наоѓа еден од првите кампови за лечење на овие зависници, главно тинејџери. Во текот на неколкумесечната терапија- комбинација на физички војнички вежби и лекови, тие се депрограмираат за да можат да се вратат во реалноста. - Станувајте, ајде побрзо... Вака изгледа еден вообичаен ден во едно од нејнеобичните места во светот - камп за лечење зависност од Интернет, во предградието на Пекинг. Во него, постојано по неколку десетици тинејџери, најчесто момчиња, се депрограмираат од, како што го нарекуваат „електронскиот хероин“. Терапијата трае 3 до 4 месеци, и е комбинација на физички војнички методи, посебна исхрана и терапија со лекови, во услови налик на затворски келии и прозорци со решетки како во психијатриска болница. - Ве молам, дајте и го писмото на мајка ми. Постојано бев на Интернет, па татко ми ме донесе, наводно на преглед, но наместо тоа, ме затворија овде. Ми ги врзаа рацете... - Се затворив дома и цел месец играв на компјутер. Потоа ме донесоа тука. Во 2008-та Кина ја прогласи зависноста од Интернет за ментално пореметување и главна закана по здравјето на тинејџерите. Според оваа теорија, луѓето кои повеќе од 6 часа минуваат на Интернет, но не за учење и работа, со сигурност стануваат зависници. - Нормалните луѓе не можат да замислат каква е оваа зависност. Некои од децата дури не сакаат да направат пауза од играњето за да одат во тоалет, бидејќи мислат дека тоа ќе ги деконцентрира, па затоа користат пелени, изјави Тао Ран, директор на центарот за рехабилитација. И родителите можат да учествуваат во лекувањето. Тука тие се соочуваат и со нивниот дел од вината за состојбата на децата... - Дали знаевте дека се осамени, дека на Интернет бараат друштво? мајка на зависник од интернет - Откако син ми почна да игра на интернет, стана друга личност, стана суров, Пробав на секаков начин, но не успеваше..., изјави загрижена мајка на зависник од интернет. Овој Центар тврди дека успева 70 проценти од веб зависниците да врати во реалноста. Но во таа реалност засега не постои глобален консензус меѓу експертите дека ваква зависност постои, барем не во медицинска смисла. Но едно е јасно, дека со проблемот од прекумерната употреба на електронските направи не се соочуваат само Кинезите, туку милиони, ако не и милијарди луѓе во светот...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа пат кон болница починало тригодишно дете од ГевгелијаТригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата. По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството. Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook