АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СудбинаКако се греат луѓето на минус 71 степен- Марија од Сибир го шокира светот (ВИДЕО) Во сибирскиот град Јакутск, живата паѓа до „дно“, на -71 степен Целзиус! Покрај тоа, просечната температура во јануари е околу -50 степени.Многу луѓе се прашуваат како луѓето преживуваат во овие нехумани услови. Некои од одговорите ги даде Марија Солко, жителка на Јакутск. Таа во видео ги сподели своите коментари со светот. Даде одговори за тоа како изгледаат куќите во екстремен студ, како преживуваат и како се загреваат. Земјата е постудена од воздухот Повеќето жители се греат со централно греење. Сепак, иако не е логично, цевките за топла вода не се под земја поради замрзнатата земја, туку над земјата! Ова е преседан во споредба со остатокот од светот. Главниот проблем со овој систем е што жителите не можат да ја регулираат температурата - може да биде или премногу ладно или премногу топло во станот. Од друга страна, оние што имаат индивидуално греење на гас можат сами да ја прилагодат температурата во својот дом. Марија открила и голема разлика во цените: додека платила само 8 долари во декември, нејзините роднини во зграда со централно греење добиле сметка од дури 130 долари. За да се задржи топлината внатре, зградите често имаат три влезни врати, а речиси сите куќи се дрвени, бидејќи овој материјал најдобро се прилагодува на екстремни услови. Мов се користи како природна изолација, исполнувајќи ги празнините меѓу гредите. Нема одмрзнување Јакутск се наоѓа околу 450 километри јужно од Арктичкиот круг во Сибир, а она што го прави посебен е фактот што земјата никогаш не се одмрзнува, дури ни во лето. Иако температурите во лето можат да надминат 30 степени, земјата останува трајно замрзната. Градот има население од околу 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Жителите велат дека едвај го чувствуваат студот, бидејќи телото и мозокот со текот на времето се навикнуваат на екстремните услови. Во најстуденото населено место во светот, Ојмјакон, нема канализација бидејќи цевките замрзнуваат. Тоалетите се претежно надвор од куќите, мобилните телефони замрзнуваат, а автомобилите не се исклучуваат преку ноќ во зима, бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.Тагови: Сибир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook