Како се гласа во Селник делчевско? - Канал 5

Како се гласа во Селник делчевско?

Во делчевско е нашиот репортер Игор Манасиевски, кој се јавува од уште едно интересно место за гласање.

Како се гласа во Селник делчевско?

Игор каде е точно ова место и како се одвива гласањето?

Игор ти претходно беше во Нов Истевник, каде се гласа во поранешно училиште кое сега има друга намена, објектот сега е фарма на магариња.

Сега екипата на Канал 5 е во близина на границата со Бугарија во село Селник, делчевско. Ова село со триесетина куќи нема постојани жители,Во минатото гласањето се одвивало во селската црква, сега за овие локални избори ќе се гласа во една приватна куќа во селото.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се верува

Во ВМРО постојат двајца Мицкосски.

СДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се верува

Едниот, во опозиција, ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе обезбеди подобра преговарачка рамка.

Другиот, на власт, го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, а НАТО го прогласи за „најдобра работа за безбедноста и инвестициите“.

Сега повторно имаме двајца Мицкоски.

Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на мандатот.

Другиот веќе отворено зборува за предвремени избори.

Во Македонија е против ЕУ, а во странство се претставува како голем поддржувач на ЕУ.

Овде не спроведува реформи и заедно со Латас води анти-ЕУ кампања, а во странство се фотографира и објавува дека наводно сака европска иднина за државата.

Во странство преговара за мигранти односно „економски работници„, а дома им зборува на граѓаните дека нема да ги има. Едниот вели нема да има а што вели другиот?

Ние рековме, избори, па мигранти.

Мицкоски толку многу лаже, што ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже коалиционите партнери, а на крајот се лаже и себе си.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Дали е оној кој сака да остане на власт до крајот на мандатот, или оној кој веќе се подготвува за избори затоа што нема пари во буџетот и не може да ја одржува власта?

Граѓаните веќе знаат дека не може да му веруваат.

Еден ден Мицкоски вели едно, друг ден - сосема спротивно.

Ова не е политичка стратегија, туку доказ за слабост, несигурност и за тоа дека власта се распаѓа одвнатре.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Граѓаните веќе знаат – ниту еден.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција

Првиот викенд по завршувањето на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција.

Првиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција

Патници од Македонија, Србија и други земји надвор од ЕУ се соочуваат со долги чекања за кои дел од нив предупредуваат дека би можеле да се интензивираат со воведувањето на новиот систем за влез во Унијата.

На преминот Богородица утринава според некои информации се чекало по неколку часа за влез во Грција, додека на преминот Дојран колоните достигнувле должина од околу еден километар. Полесна, пак била состојбата на преминот Меџитлија кај Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови.

Мицкоски: Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови – вели премиерот Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија не смее да заостанува во како што кажа, глобалните технолошки процеси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер