Како се чуваат ретките и вредни ракописни книги во НУБ „Св. Климент Охридски“? - Канал 5

Како се чуваат ретките и вредни ракописни книги во НУБ „Св. Климент Охридски“?

Само десеттина од најзначајните македонски артефакти, кои, се разбира, имаат непроценлива вредност, доколку сепак некој сака да ги изрази во пари вредат над две милијарди евра.

Како се чуваат ретките и вредни ракописни книги во НУБ „Св. Климент Охридски“?
Највредните книги се чуваат во специјални простории под посебен режим!

Само десеттина од најзначајните македонски артефакти, кои, се разбира, имаат непроценлива вредност, доколку сепак некој сака да ги изрази во пари вредат над две милијарди евра. Ако она што е останато во Македонија како артефакт, вреди неколку милијарди евра, тогаш колку вреди она што досега е однесено од неа на разни начини и по разни патишта, или пак она што е уништено поради несоодветно чување и заштита?

Иако како народ се чини засекогаш сме осиромашени за огромно културно богатство, меѓу другото и многу артефакти од нашите археолошки локалитети, сепак Македонија се' уште има значајни предмети, фигури, бисти, статуи, икони, накит, книги и слично со непроценлива вредност. Ваквите скапоцени артефакти пронајдени кај нас се чуваат во Музејот на Македонија, во Музејот во Охрид и Музејот на град Скопје, во НУБ „Св. Климент Охридски“ и во Државниот архив на Република Македонија.

Непроценлива вредност

Во скапоценото македонско културно-историски богатство спаѓаат и скапоцените ракописни и ретки книги од трезорот на НУБ „Свети Климет Охридски“. Според директорот Миле Бошески, во Библиотеката се чуваат три милиони библиографски единици, меѓу нив еден милион монографии и секако скапоцената збирка на ретки книги, заштитата според сите законски прописи што важат за обезбедување и заштита на ваков вид културно богатство.

Нашата библиотека има постојана чуварска служба, која континуирано физички го обезбедува комплетниот објект, но го контролира и противпожарниот систем. Исто така, веднаш кога јас дојдов за директор на библиотеката, воведовме видео-надзор на библиотеката, па сега голем број камери го покриваат објектот непрекинато во текот на денот и ноќта. Освен тоа, највредните наши книги, ретките и ракописни примероци со кои располага библиотеката, се чуваат во специјални простории под посебен режим. Бидејќи тие не се во таканаречениот општ фонд за нив е одговорен еден човек, кој има постојан увид во состојбата на ваквите исклучително вредни книги. Освен овие книги што се сместени во посебна просторија, со посебни услови за чување, имаме и одреден број изданија кои спаѓаат во редот на многу ретки или единствени примероци во светот, па ваквите книги се чуваат во посебни ормари, кои можат да издржат секаков пожар. Во оваа збирка, освен ретки и ракописни книги, поседуваме и исклучително вредни примероци во ориенталната збирка, кои, исто така, имаат голема, непроценлива вредност. Во новиот дел на библиотеката, покрај вообичаените постапки за заштита на нашето книжевно богатство, во две специјални простории за ретки и ракописни книги има и специјални сензори. Значи, заштитата на книжевното наследство што се чува во НУБ „Свети Климет Охридски“ е на највисоко можно ниво, односно прашањето го имаме решено на највисоко професионално ниво, вели директорот на НУБ „Свети Климет Охридски“, една од неколкуте врвни институтции во државата, која поседува дел од највредното културно богатство на Македонија.

Според Бошески, никој освен надлежните институции за чување на ваков вид национално богатство, не можат да обезбеднат соодветна заштита, затоа што немаат услови за тоа. За жал, поради нечија негрижа или инает, смета тој, под разни околности досега нашата држава има изгубено значаен дел од своето културно богатство, почнувајќи од она што е однесено со кражби, но и она што е уништено од времето, или разни несреќи или катастрофи. Само во последните неколку децении од македонските манастири, затоа што нема соодветна заштита и обезбедување, однесени се или уништени десетици скапоцени инкони, но и исклучително вредни оригинални, ретки книги.

Строги правила за чување оригинали

За да не бидеме паметни само откако ќе се случи несреќа, каква што се случи, на пример, во манастирот „Свети Јован Бигорски“, брзо, час поскоро, треба да воведеме строги правила во врска со тоа што, каде и под какви услови треба да се чува. Таму каде што нема такви услови, мора да се задржат само копиите на вредните работи, а оригиналите мора да бидат обезбедени на сигурно и соодветно место. Значи, ако некој манастир има вредни книги во библиотеката, треба да ги депонира во нашиот сектор за ретки книги, а ние ќе им овозможиме да имаат копија на истата книга направена според највисоки стандарди, односно примерок кој ќе биде соодветен, сосема автентичен со изработката, и со квалитетот на изработка со сегашните најсовремени техники за оваа намена, со оригиналот.

Се разбира дека црквата, пак, ќе биде сопственик на нејзините ретки книги, но тие ќе се чуваат кај нас. Сметам дека сега е време да се покрене иницијатива со која заедно со државата сите вредни примероци на ретки, вредни книги ќе се депонираат кај нас. Инаку, ние, како библиотека, имаме покренато иницијатива за донесување закон со кој ќе се регулира сето она што има статус на книжевно културно наследство, значи сето она што е во цркви, несоодветни институции, разни локални музеи и слично да се заведи и да се документира, а потоа оригиналите да се депонираат кај нас, со тоа што секој ќе си остане сопственик на тоа што е негово. За тоа ќе потпишеме и договори, а наша обврска ќе биде на сите да им обезбедиме копии, а оригиналот да се сочува за идните генерации во нашите специјални услови за таква намена.

На овој начин не само што ќе се заштитат, туку сите ретки книги ќе можат и да се дигитализираат за да се зачуваат за иднината. Секако истовремено сакаме да ја пробудиме и свеста кај некои поединци во државата кои во своите домашни библиотеки чуваат исклучително вредни книги, кои многу лесно можат да бидат изгубени засекогаш, односно тие да изгубат нешто што го чувале со генерации, а државата дел од своето скапоцено книжевно богатство. Затоа како директор на НУБ „Свети Климет Охридски“ апелирам сите што имаат такви книги, а јас лично имам видено навистина скапоцени примероци во неколку приватни збирки во Скопје, но и во Струга, Охрид, Прилеп, Битола и во други градови во земјава, да ги отстапат на специјалната збирка кај нас, со тоа што, повторувам, ќе добијат копија од оригиналот и договор дека тие книги остануваат во нивна сопственост, а само се отстапени на чување во соодветни услови кај нас, во нашата библиотека,вели Бошески.

Специјален режим за двесте и шеесет книги со непроценлива вредност!

За да ги зачува од евентуално несовесно користење, но и од некаква непредвидена несреќа, НУБ „Свети Климент Охридски“ во својот фонд за таканаречена ограничена употреба ги чува ретките и ракописни книги кои ги има во библитеката во оригинал. Станува збор за скапоцени уникатни примероци, кои можат да се користат само со специјална дозвола и со посебен надзор. Меѓу милионите книги во библиотеката, само фондот за ретки и ракописни книги има специјален режим за користење.

Станува збор за скапоцени примероци на оригинални ракописи, пишувани на пергамент и хартија, односно 280 ракописни книги, претежно со црковна содржина, со разни редакции, како што е македонска, српска или црковнословенска. Сите се пишувани со специјално мастило од 13. и 14-ти век, односно направени се анализи на мастилото со кои е утврдено дека станува збор за нерастворливо мастило. Меѓу поинтересните ракописи секако е таканареченото Бенчевско четвороевангелие од 14-ти век, каде што има минијатури на евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован. Токму за да ги видат овие четворица евангелисти, во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје доаѓаат многу научници од разни страни на светот. Станува збор за огромно богатство што го поседува само нашата национална библиотека. Сепак, најстар ракопис е таканаречениот Посен триод до 13-ти век, со дел од приказната за Соломон. Оттука сосема е разбирливо зошто мора да се има ограничен пристап кога станува збор за овие 260 ретки книги што ги поседува Библиотеката. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво

Швајцарија размислува за намалување на максималната брзина на своите автопати од 120 на само 80 км/ч, наведувајќи ги сè понеизвесните резерви на гориво. 

Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво

Иако звучи како драстична одлука, властите во моментов ја разгледуваат оваа мерка исклучиво како одговор на евентуалниот сериозен недостиг на бензин и дизел.

Според швајцарскиот јавен радиодифузен сервис SRF, Федералната канцеларија за економски снабдувања веќе ја испитува можноста за привремени ограничувања на брзината, што треба да ја намали потрошувачката на гориво во случај на продлабочување на кризата.

Проблемот е предизвикан од комбинација на конфликтот на Блискиот Исток и тешкотиите во транспортот на нафтени производи. Ниското ниво на водата на Рајна сериозно го ограничи речниот сообраќај, кој инаку ја снабдува Швајцарија со значителни количини гориво, додека дополнителни тешкотии се забележани и на други транспортни правци.

Како резултат на тоа, швајцарските власти веќе почнаа повремено да користат задолжителни резерви на гориво. Сепак, ограничувањето од 80 км/ч би се вовело само ако се искористи значителен дел од резервите и доброволните заштеди не донесат резултати.

Логиката на оваа мерка е едноставна. При поголеми брзини, отпорот на воздухот се зголемува, а со тоа и потрошувачката на гориво. Намалувањето на ограничувањето на брзината од 120 на 80 км/ч би ја намалило потрошувачката на бензин и дизел, што би можело да помогне во зачувувањето на залихите на национално ниво.

Швајцарските власти нагласуваат дека снабдувањето во моментов е тешко, но дека засега нема драматичен недостиг. Затоа, ограничувањето на брзината од 120 км/ч останува на сила на автопатите, додека евентуалното воведување построги правила ќе зависи од понатамошниот развој на енергетската ситуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закопале нов автомобил и чекале 50 години- кога го отвориле бункерот, ги чекало непријатно изненадување (ВИДЕО)

Жителите на американскиот град Тулса, во Оклахома, учествувале во необичен проект кој требало да остави „трага за идните генерации“.

Закопале нов автомобил и чекале 50 години- кога го отвориле бункерот, ги чекало непријатно изненадување (ВИДЕО)

Сосема нов автомобил, модел Plymouth Belvedere и други предмети од секојдневниот живот се сместени во бетонско засолниште, со очекување дека некој ќе ги отвори во 2007. Кога дојде тој ден, илјадници луѓе се собраа за да бидат сведоци на настан што требаше да биде „патување низ времето“.

Бетонско засолниште пред судницата

Сè започна на 15 јуни 1957 година. По повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на државата беше организиран голем настан наречен „Тулсарама“, а најнеобичниот дел од него беше проектот наменет за луѓето кои ќе живеат половина век подоцна.

Пред зградата на градскиот суд е изграден бункер, дизајниран да издржи нуклеарен напад. Во него се наоѓало нешто што требало да стане „временска капсула“, сочувано од влијанието на надворешниот свет. Организаторите решија да го отворат дури на 15 јуни 2007 година.

Во центарот на проектот бил нов златно-бел автомобил, кој во моментот на сместувањето во бункерот поминал 6,4 километри, пренесува Parade.com.

Автомобилот го доби прекарот Мис Белведере, кој го осмисли организаторот на настанот Шерон Кинг Дејвис.

Очекувањата беа големи

Во исто време, се одржа необичен натпревар за жителите. Задачата беше да се погоди колку жители ќе има Талса во 2007 година. Кој ќе погоди најблиску до реалната бројка, ќе освои автомобил и штедна книшка со 100 долари.

Најуспешен бил Рејмонд Хамбертсон, кој предвидел дека градот ќе има 384.743 жители. Неговата проценка се покажа како исклучително точна, бидејќи Тулса имаше население од 382.457 во 2007 година.

Кога денот на отворањето конечно пристигна на 15 јуни 2007 година, настанот привлече илјадници љубопитни граѓани. По половина век работниците почнаа да ја отстрануваат бетонската конструкција и заштитните слоеви кои ја штитеа нејзината внатрешност.

Очекувањата беа големи. Многумина сакаа да видат како времето влијаело на она што останало во 1957 година и дали засолништето успеало да ја зачува својата содржина.

Историска и емоционална вредност

Меѓутоа, кога беше отстранета заштитната амбалажа покриена со дебел слој црвена кал, следеше големо разочарување!

Пред толпата се појави автомобил кој некогаш беше сосема нов, но сега беше покриен со 'рѓа и не можеше ни да започне. Со текот на годините во бетонското засолниште се насобрале околу 7.570 литри вода, што оставило сериозни последици.

Сепак, публиката не изгледаше разочарана. Напротив, сцената за многумина имаше посебна историска и емотивна вредност.

„Тоа е нашата гробница на кралот Тутанкамон. Тоа е како бајка“, изјави Дејв Страганд за локалните медиуми.

Приказната имаше и тажен пресврт

Иако автомобилот не успеа да ги преживее децениите поминати во влажна средина, не сите предмети од засолништето го дочекаа отворот во толку лоша состојба.

Внатре биле пронајдени плински канистер и рѓосани лименки пиво Шлиц. Сепак, уникатната „временска капсула“ сочувала многу повредни спомени од 1957 година.

Содржеше неизбледено американско знаме, историски документи и воздушни карти на градот, од кои сите беа во добра состојба.

Така, проектот, и покрај оштетениот автомобил, сепак успеа да зачува дел од секојдневието на едно време и да го пренесе на луѓето кои дошле половина век подоцна да погледнат во минатото.

Приказната имаше и тажен пресврт. Рејмонд Хамбертсон, чија проценка за населението на Тулса беше најблиску до вистинскиот број, почина во 1979 година, речиси три децении пред да се отвори бункерот. Поради ова, автомобилот отишол кај неговите наследници.

За да се зачува возилото што е можно повеќе, Двајт Фостер од работилницата „Ултра уан“ донирал околу 20.000 долари за негова реставрација. Од 2020 година, тој е изложен во музејот „Historic Auto Attractions“ во Рошко, во американската сојузна држава Илиноис.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите

„Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.“

 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите

„Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните и дека кибер нападите можат да ги нарушат услугите, да влијаат врз бизнисите и директно да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните“, изјави портпаролот на Европската комисија, кој ја нагласи важноста од зајакнување на кибербезбедноста низ цела ЕУ.

Европскиот комесар за земјоделство и храна, Кристоф Хансен, предупреди дека сајбер нападите врз фрижидерите во супермаркетите во земјите од ЕУ се „намерен обид да се наруши“ снабдувањето со храна на ЕУ и да се поткопа довербата на потрошувачите.

Тој рече дека иако „безбедноста на храната во моментов не е во опасност, фрлањето храна и влијанието врз бизнисите се реални“. Европската комисија соопшти дека „продолжува да работи со земјите-членки за зајакнување на кибербезбедноста“.

„Го користиме CYCLON за координирање и споделување информации, бидејќи неколку земји-членки се погодени од ова“, изјави портпаролот на Комисијата, осврнувајќи се на европската мрежа на национални органи одговорни за справување со киберкризи.

Кибербезбедноста е првенствено одговорност на земјите-членки на ЕУ, но поради нејзината често прекугранична природа, во последниве години се усвоени и регулативи на европско ниво за поддршка на земјите-членки, вклучително и заштитата на критичната инфраструктура и софтверот и хардверот.

Зајакнување Кибербезбедноста е исто така мандат на сеопфатната европска агенција, ENISA, која, меѓу другото, управува со CYCLON.

Во кибер нападите што се случија преку ноќ во повеќе од 70 супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска, температурата во фрижидерите беше зголемена, а слични напади се случија денес во синџирот супермаркети „Селвер“ во Естонија, како и во Ирска, принудувајќи некои трговци на мало да уништат прехранбени производи.

Продавница на Икеа во југозападна Белгија беше исто така погодена од нападот.

Слични инциденти беа регистрирани и во Франција на 12 октомври, кога беа погодени околу 700 продавници, а канцеларијата на парискиот обвинител во тоа време објави дека станува збор за голем кибер напад врз мрежно поврзаните ладилници на големите малопродажни синџири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер