Како САД и светот за 72 часа избегнаа целосен крах на банкарскиот систем - Канал 5

Како САД и светот за 72 часа избегнаа целосен крах на банкарскиот систем

 Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, нагласи дека кога банките доживуваат финансиски загуби, „тоа е и треба да биде причина за загриженост“. 

Како САД и светот за 72 часа избегнаа целосен крах на банкарскиот систем

Беше петок наутро, а бран на јавна паника почна да се шири околу една од водечките финансиски институции во технолошката индустрија. Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, нагласи дека кога банките доживуваат финансиски загуби, „тоа е и треба да биде причина за загриженост“. Следните 72 часа беа клучни, а САД успеаја да се справат со целосен банкарски колапс.

Нејзините коментари сигнализираа почеток на тепачка зад сцената во Белата куќа. Почнаа да се појавуваат нови стравови во врска со потенцијалниот колапс на банката во Силиконската долина, што се заканува со уништување не само за Калифорнија, туку и за целата американска економија.

Сесилија Роуз, една од економските советници на американскиот претседател Џо Бајден, го предупреди претседателот на еден вид опасност невидена од финансиската криза пред 15 години: пропаѓање на банка од Силиконската долина може да предизвика криза во банкарскиот систем на земјата.

Неуспех на банката

Милијарди долари - во платите на работниците и билансите на технолошките компании - беа речиси изгубени, а американската Влада се соочи со страв од економски пад што повторно ги разбуди кошмарите на Големата рецесија од 2008 година.

На крајот, администрацијата на Бајден одлучи да интервенира, сакајќи да го зачува депозитот во банката во Силиконската долина, истовремено чувајќи ги финансиите на другите фирми на работ од колапс. Нивните напори го покажаа степенот до кој претседателот е подготвен да ризикува да биде обвинет за спасување на финансискиот сектор - обвинение што Белата куќа жестоко го негира - во обид да го одржи системот стабилен и да спречи влошување на кризата.

Владините претставници добро се сеќаваа на последиците од финансиската криза во 2008 година и на политичките реакции што следеа откако владата ги користеше средствата од даночните обврзници за она што нашироко се сметаше за неправедна помош. Во текот на викендот, тие почнаа да забележуваат дека банките надвор од Калифорнија покажуваат знаци на нестабилност.

Администрацијата на Бајден се соочи со дополнителен притисок од директорите на Силиконската долина, но успеа да ги смири пазарите и да спречи паника што можеше да предизвика безброј Американци да повлечат пари од своите банки, што можеше да создаде штетна нестабилност во финансискиот систем.

Грижата почнува во Калифорнија

Се започна со јавната објава на 8 март дека фирмата продала хартии од вредност во вредност од 21 милијарда долари и дека ќе продаде уште 1,25 милијарди долари од сопствените акции за да одржи позитивен биланс на состојба. Оваа вест беше изненадување за многу инвеститори и клиенти на СВП (SVB).

Наскоро се појави загриженост дали банката ќе го преживее викендот. Околу девет часот наутро во четвртокот, Union Square Ventures (USV) ги предупреди своите компании за ситуацијата. USV е една од највлијателните фирми за ризичен капитал, а претходно беше инвеститор во Твитер, Етси и Дуолинго.

Само во четвртокот речиси 42 милијарди долари исчезнаа од сметката на СВП, а Волстрит во петокот го прекина тргувањето со акциите на оваа банка, бидејќи цената на акциите драстично падна.

Во следните часови, степенот на проблемот стана јасен: банката од Силиконската долина држеше невообичаено висок процент од своите средства во државни обврзници. Кога Федералните резерви ги зголемија каматните стапки, вредноста на постојните обврзници падна, па банката не можеше лесно да ги продаде тие обврзници за да ги врати депозитите на клиентите бидејќи настана паника, а многумина ја преплавија банката за да ги повлечат своите средства.

Многу од клиентите на банката беа инвеститори, компании и други големи институции. До крајот на декември банката имаше повеќе од 170 милијарди долари депозити, но 90 отсто од нив надминаа 250.000 долари, сума до која сојузната влада ја осигурува во случај на колапс.

До саботата, Јелен, претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, и претседателот на Федералната корпорација за осигурување на депозити, Мартин Грунберг, се состанаа за да обезбедат заштита на банкарските депоненти - без трошоци за даночните обврзници - на начин што ќе ги обезбеди платните списоци на компаниите кои воделе бизнис во СВБ можат да работат нормално до понеделник. Во спротивно, стравуваа дека каскадните ефекти ќе остават многу Американци без работа.

Пратениците од Калифорнија почнаа сопствена кампања за притисок со повици на Зум и други контакти со претставници на администрацијата на Бајден. Тие веднаш почнаа да ги слушаат гласачите, сопствениците на бизниси и политички донатори, плашејќи се од економските последици од колапсот на банката.

Првично, демократите изразија широко верување дека владата првенствено треба да се обиде да ја обезбеди продажбата на банката во Силиконската долина, но како што опасноста од колапс на банката стана поочигледна, пратениците сакаа да ја убедат администрацијата да ги преземе сите неопходни мерки за да спречи криза..

Уште една банка на патот кон пропаѓање

На Белата куќа и требаше план кој дополнително нема да ги алармира финансиските пазари. Колапсот на СВП беше јавен, но малкумина надвор од владата знаеја дека Signature Bank, со имот над 100 милијарди американски долари, исто така се движи кон пропаѓање. Официјалните лица стравуваа дека колапсот на Signature може да има далекусежни последици и тие сакаа да се уверат дека веста ќе излезе во исто време со планот за спас на администрацијата.

Информациите беа пренесени до Министерството за финансии, при што Јелен служи како клучна личност меѓу централната банка и политичкото раководство во Белата куќа.

Бајден нагласи дека планот е фокусиран на заштита на работниците и малите бизниси.

Во неделата попладне, откако Бајден го потпиша планот, членовите на одборот на FDIC и Федералните резерви едногласно гласаа дека неуспесите на СВП и Signature претставуваат системски ризик за целиот финансиски систем. Банката на федерални резерви најави и нов механизам за обезбедување поволни заеми на загрозените банки.

До вторник попладне, се чинеше дека невремето стивна, а цените на акциите во банкарскиот сектор се стабилизираа. Се очекува ФЕД да продолжи да ги зголемува каматните стапки оваа година во својата кампања за ограничување на инфлацијата, што може да ги изложи и другите банки на истите предизвици.

Економистот од Универзитетот Корнел, Боб Хокет, смета дека „интервенцијата за време на викендот ја олесни непосредната криза, но континуираното зголемување на каматните стапки едноставно ќе предизвика повеќе проблеми за индустриите - а со тоа и нивните банки - во неделите и месеците што следуваат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Прамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. 

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година.

Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено.

Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари.

Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions).

Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“.

Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството.

Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувања

Германскиот репрезентативец Џамал ​​Мусиала се враќа на теренот по речиси двомесечна пауза поради повреда, сепак, неговото враќање на натпревар од Бундеслигата против „1. ФК Келн“ е засенето од јавна дебата за неговата иднина и физичка состојба.

Мобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувања

Иако спортското раководство на клубот – вклучително и тренерот и спортскиот директор – продолжува да му дава поддршка, во самиот врв на „Баерн Минхен“ се појавуваат сомнежи дали 23-годишниот фудбалер некогаш ќе се врати на нивото на светска класа. Според „Focus.de“, во раководството на клубот постои поделеност во однос на неговата иднина.

Дискусијата ја иницираше многу влијателниот почесен претседател, Ули Хенес. Пред десетина дена, за време на гостување на телевизијата БР (BR), Хенес јавно постави прашање: „дали тој некогаш повторно ќе го достигне нивото на игра што го прикажуваше во минатото“.

Загрижен поради можниот пад на квалитетот, Хенес пред камерите дури и ја доведе во прашање важноста на сегашниот договор на Мусиала: „Замислете ако ’Баерн‘ сега го доведе во прашање неговиот договор, велејќи: ’Она што тој моментално го прикажува, веќе не одговара на она што е предвидено во договорот‘“.

Не е изненадувачки што овие изјави не беа добро прифатени од тимот на Мусиала. Сепак, наместо да ја смири ситуацијата, извршниот директор Јан-Кристијан Дрезен во средата повторно се осврна на темата. Надоврзувајќи се на ставовите на Хенес, Дрезен потврди дека клубот ќе ја „процени ситуацијата и ќе седне на разговор со неговото семејство и менаџерскиот тим“, додавајќи дека, доколку Мусиала не успее да се врати во својата стара форма, клубот „ќе мора да одржи разговор“.

Во петокот вечерта, членот на надзорниот одбор, Карл-Хајнц Румениге, за „Скај“ (Sky) изрази загриженост.

„Ако тој не се врати во изданието на 'стариот' Џамал, ќе мораме да разговараме – со неговото семејство, со самиот играч, а пред сè со неговата агенција – бидејќи, со должна почит, тие бројки веќе не се одржливи“, изјави тој.

Јасно е дека во клубот – особено во надзорниот одбор – преовладува мислењето дека учинокот на играчот, кој често се соочува со повреди, не соодветствува со неговиот статус како втор најплатен фудбалер во Баерн, веднаш зад Хари Кејн.

Според „Кикер“ (Kicker), коментарите на Хенес наишле на значителна поддршка во рамките на клубот.

Раководството на клубот бара од Мусиала да ги намали своите финансиски барања во рамките на договорот, кој наводно му носи заработка од најмалку 25 милиони евра годишно и важи до 2030 година. Тој го потпиша овој договор во февруари 2025 година, но оттогаш бил стартер на само 24 од вкупно 94 натпревари на Баерн. Критичарите, кои во тоа време се спротивставуваа на толку вреден договор, сега сметаат дека нивните загрижености се покажале како оправдани.

Во последните месеци, Мусиала беше надвор од терените подолги периоди поради низа проблеми. Во пролетта 2025 година, тој отсуствуваше речиси два месеца поради кинење на мускул, по што следеше шестмесечна пауза поради скршеница на фибулата, здобиена на Светското клупско првенство на ФИФА.

Сега, тој повторно се соочува со двомесечна пауза поради повторно кинење на мускулот – ситуација што предизвика изненадување во клубот, со оглед на невообичаено долгиот период на рехабилитација за толку млад играч.

Покрај тоа, Мусиала има невролошко нарушување што предизвикува кратки губења на свеста (апсанс напади), поради што тој колабираше на теренот за време на два натпревари во подготвителниот период во август.

Од друга страна, тимот на Мусиала не гледа причина за промена на договорот што важи до 2025 година. Понатаму, според порталот „ran“, тие имаат целосна поддршка од спортското раководство на клубот, предводено од тренерот Винсент Компани и спортскиот директор Макс Еберл.

Претставниците на играчот се револтирани од гласините за нови епилептични напади и наводни здравствени проблеми кои наводно постоеле во времето кога бил потпишан договорот – тврдења што се отфрлени од други лица кои учествувале во тие преговори. „Момчето беше целосно здраво“, тврдат извори.

Како резултат на тоа, спортското раководство на клубот се обиде да ги смири тензиите. Компани го пофали „неверојатниот менталитет“ на својот играч, изјавувајќи: „Кога играчи како него минуваат низ тежок период, тие можат од тоа да црпат и ментална и физичка сила. Гледајќи како сега се справува со целата ситуација, можам да кажам дека тој е посебен“.

И Еберл е уверен дека „Џамал ​​ќе црпи сила од оваа ситуација“, толкувајќи ги критиките од челниците на клубот како „грижа“ за нивното „златно момче“ – иако не ги спомна очигледните финансиски мотиви што стојат зад таа грижа. На крајот, Компани прецизно ја сумираше ситуацијата: „Тој во моментов не може многу да зборува; треба да зборува на теренот. Штом повторно почне да зборува на теренот, Баерн и германскиот фудбал ќе освојуваат трофеи“.

Во случајот се вклучи и синдикатот на фудбалери FIFPRO, кој остро го критикуваше раководството на Баерн поради односот кон Џамал ​​Мусиала, пренесува Eurosport.de. Тие ја оценија јавната реторика на Хенес, Дрезен и Румениге како „координирана стратегија за вршење притисок врз Мусиала и неговите агенти“.

„Клуб од рангот на Баерн би требало да биде свесен за ова. ФК Баерн има обврска да се грижи за добросостојбата на Џамал ​​Мусиала“, наведуваат од синдикатот, изразувајќи „длабока загриженост“. „Претворањето на здравствената состојба на Мусиала и неговата иднина во предмет на јавна дебата само го зголемува притисокот. Сите прашања поврзани со неговиот договор треба да се решаваат исклучиво доверливо, во разговор со него и неговите претставници.“ Од FIFPRO нагласуваат дека повредите не се основа за преиспитување на договорот.

„Договорите постојат за да се почитуваат. Повредата или падот на формата не му даваат право на клубот повторно да преговара за веќе договорените услови – исто како што периодот на исклучителни игри не му дава автоматско право на играчот да бара зголемување на платата. FIFPRO застанува зад Џамал ​​Мусиала и сите други фудбалери кои ги исполнуваат своите договорни обврски. Очекуваме и нивните работодавачи да постапат исто“, се заклучува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер