Како растот на цената на горивата ќе влијае и врз цените во другите дејности? - Канал 5

Како растот на цената на горивата ќе влијае и врз цените во другите дејности?

Растот на цените на нафтата веќе создава сериозен притисок врз стопанството, особено кај секторите зависни од транспортот и енергенсите – предупредуваат од Сојузот на стопански комори.

Како растот на цената на горивата ќе влијае и врз цените во другите дејности?

Потпретседателот на комората, Ромео Костадинов, вели дека зголемените трошоци за гориво директно се прелеваат врз трошоците за производство на компаниите, што отвора дилема дали и до кога тие ќе можат да ги задржат сегашните цени на производите и услугите. Дополнителен ризик, според него, е неизвесноста околу снабдувањето со енергенси, што ги тера компаниите да размислуваат за алтернативни извори и рути.

-Секако дека трошоците се зголемуваат, тоа неизоставно води до прашањето дали и што да се прави со цените на производите, односно со цените на услугите, затоа што кога имаме зголемена вреднос на влезните суровини, веќе мора да се размислува на кој начин ќе се покријат трошоците кои што произлегуваат по овој основ. Конфликтот не застанува. Проблемот е да се најдат и алтернативни рути, односно снабдувачи кои би можеле да ги задоволат потребите на македонското стопанство,- Ромео Костадинов – потпретседател на ССК.

Стопанството засега се обидува самостојно да го амортизира ударот, покривајќи ги зголемените трошоци на сопствен товар. Но, доколку ваквиот тренд продолжи на подолг рок, Костадинов вели дека ќе биде неопходна и државна интервенција.

-Сега за сега стопанството ги следи промените, односно флуктациите во цените на горивата и согласно најавите на Владата и планот за кризни мерки во поглед на намалување на ефектите од оваа криза се уште се актуелни, така да играњето со скоковите резерви, во количините односно со цените исто така и мерките со намалување на цената на акцизата значително би помогнале за стаблизирање на состојбата,- Ромео Костадинов – потпретседател на ССК.

Анализа на „Finance Think“ покажува дека растот на цените на нафтата на глобално ниво засега има ограничен и краткорочен ефект врз домашната инфлација. Според нивните пресметки, зголемување од 10 проценти на цената на нафтата ја зголемува инфлацијата за околу 0,10 проценти.

Сепак, од институтот предупредуваат дека на среден рок ефектите се поизразени и препорачуваат Владата да биде подготвена за краткорочни мерки, како привремено намалување на акцизите, со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните и компаниите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер