Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЗдравјеКако против „обединетите“ делта сој и сезонскиот грип зимаваСојузништвото на грипи ковид 19 во есенско-зимскиот период може да биде исклучително тежок за лицата над 60 години, бремените жени и хронично болните, вели пулмологот Злате Мехмедовиќ. За него е важно граѓаните да се вакицнираат и од грип и од ковид 19 дури и оние кои ќе примаат и трета доза против корона вирусот. И британските здравствени власти велат дека мора да се говори за важноста на вакцината, бидејќи ризикот од смртност доколку некој заболи од двата вируса е двојно поголем. Минатата година грипот беше на ниско ниво, но децата не одеа во градинка и училиште,а голем број од возрасните работеа од своите домови. Според епидемиолозите само вкацинацијата може да спречи тешки заболувања и смрт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да растеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот .Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Филипче посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ за две години е двојно зголемена и достигна една милијарда евра, со што власта ја става во ризик исплатата на пензиите. „Дупката во Пензискиот фонд, која за две години е дуплирана, од 500 милиони евра, сега е милијарда евра, милијарда евра фалат за да се исплатат пензиите. Ги нема во Пензискиот фонд. Треба да ги даде државата. Кога економијата не работи, од каде ќе ги најде парите? Од заеми“, рече Филипче. Тој додаде дека и дефицитот во централниот Буџет континуирано се продлабочува, а едиснтвен извор за да може Буџетот да ги сервисира обврските ќе бидат скапите задолжувања, со што власта свесно ја турка државата во уште подлабока економска криза. „Единствен извор на средства се само скапи заеми, скапи заеми со кои што ќе се пополнуваат дупките во Буџетот, за да се дадат плати, за да се дадат пензии. Никако скапи заеми кои што ќе придонесат за некаков раст на економијата. И ние одиме се повеќе и повеќе во дупка. Ризикуваме да завршиме со економска криза како Грција пред неколку децении. Тоа е неминовноста. И тоа го укажуваат економистите“, рече Филипче. Во тој контекст, Филипче предупреди дека и изолационистичката политика на власта дополнително го зголемува ризикот за економијата, бидејќи со оддалечувањето од европскиот пат ќе има сè помалку можности за европско финансирање. „На сите европски престваници многу добро им е јасно што прави Христијан Мицкоски, дека ги лаже. Дека зад наводните изговори за Бугарија, се кријат само нивните интереси, да не се случи ништо. Тоа не е изолирана работа која што се однесува само на напредокот на земјата. Тоа е директно поврзано со економската состојба во земјата. А ако кај нас ги снема европските пари, а постепено ги снемува, и уште помалку ќе ги има, и што ќе се случи? Ќе продолжи овој систем кој што сега се случува, а тоа е да сме доведени во ситуација да е единствен извор на средства ни се само скапи заеми“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАмериканскиот сенатор Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција?!Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција. Еве го неговиот план.Американскиот сенатор Берни Сандерс и демократскиот претставник Грег Касар поднесоа закон со кој се бара трајна забрана за развој и употреба на вештачка суперинтелигенција и привремено запирање на развојот на најнапредните системи за вештачка интелигенција. Предлогот, насловен како Закон за забрана на вештачка суперинтелигенција, исто така повикува на создавање на наменски Оддел за вештачка интелигенција на САД кој ќе го надгледува развојот на најмоќните системи за вештачка интелигенција и ќе воспостави безбедносни прописи пред да можат да се распоредат. Асошиејтед Прес беше првиот што го доби предлогот. Што би било забрането? Предлогот ја дефинира вештачката суперинтелигенција како систем што ги надминува човечките когнитивни способности или поседува доволно напредни способности за да планира и изврши уништување или губење на човечката контрола. Таквите системи би биле трајно забранети. Развојот на другите најнапредни системи со вештачка интелигенција привремено би се запрел сè додека нова федерална агенција не изготви безбедносни правила и процедура за одобрување. Потоа, за пуштање во употреба на таквите системи би било потребно федерално одобрение. За одредени прекршувања на забраната, предлогот предвидува казни кои во некои случаи би можеле да достигнат и до 20 години затвор. „Не треба да си гениј за да кажеш: забавете“, изјави Сандерс за АП. „Дали навистина сакаме да развиеме суперинтелигенција која, штом ќе стане попаметна од луѓето, би можела да функционира независно од човечка контрола? Не мислам дека сакаме“, додаде тој. Предлогот е поддржан и од дел од вработените во големите компании за вештачка интелигенција. Меѓу нив се истражувачот од OpenAI, Хуан Фелипе Серон Урибе, и софтверскиот инженер од Google DeepMind, Сванте Шолц, кој нагласи дека зборува во свое име, а не во име на компанијата. Сандерс и Касар уште на почетокот на септември најавија дека ќе предложат ваков закон. Тогаш тие изјавија и дека сакаат САД да иницираат меѓународни преговори насочени кон ограничување на развојот на вештачка суперинтелигенција надвор од границите на САД. АП известува дека предлогот има мали шанси да биде усвоен во Конгресот, кој е под контрола на републиканците. Досега, Конгресот на САД не успеа да постигне поширок консензус дури ни за многу поблаги правила за регулирање на вештачката интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаПавле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофиПостои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година.Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија (Платформа) за спречување на можни катастрофи од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот, појава на епидемии итн, сакам да нагласам дека се целосни паушални и неточни тврдења, пред сѐ поради немање на институционалнa меморија. Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година, која од Одделите на ООН е оценета со највисока оценка со најава финансиски да го поддржат Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и територијалните противпожарни единици. Во Платформата е предвидено и темелна реформа на системот за управување со кризи, преку обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и функционално поврзување на ТППЕ, воспоставување единствена команда итн. Оваа Платформа е резултат на претходна анализа подготвена од меѓуресорска работна група, како и анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам, Финалниот извештај на Партнери менанџмент и консалтинг, Документациската анализа на постоечката законска регулатива и документи поврзани со системите за управување со кризи итн. Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување. Инаку реформите каснат поради незаинтересираност и отпорот на раководните(поранешни) работници во ЦУК и ДЗС. Пред две години, Владата формира меѓуресорска работна група, која до крајот на оваа година треба да подготви закон во кој ќе се вградат реформските определби и воспостави целосно нов и обединет систем за управување со кризи, заштита и спасување. Прилог: Национална Платформа за намалување ризици од катастрофи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook