ЕвропаКако промената на власта во Унгарија ќе се одрази врз начинот на одлучување во ЕУ?Доаѓањето на про-европска власт во Унгарија ќе донесе нова динамика во ЕУ, сепак да се промени принципот на одлучување за надворешната и безбедносна политика што го бара претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен се потребни години.Доаѓањето на про-европска власт во Унгарија ќе донесе нова динамика во ЕУ, сепак да се промени принципот на одлучување за надворешната и безбедносна политика што го бара претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен се потребни години, оценува ЕУ аналитичарот Александар Кржаловски. Според него, дури и ЕУ земјите да се откажат од правото на вето во замена за квалификувано мнозинство, тоа нема да ги промени условите за влез во ЕУ на Македонија. -Сличната иницијатива за заедничко членство на Западен Балкан по кратка постапка а со помалку права, брзо беше торпедирана од повеќето земји членки а ова е во истата насока. Мислам дека во моментов има премногу земји членки што не сакаат да се откажат од право на вето. Не би било решение тоа што нема да има консензус односно ќе треба да ја смениме целата преговарачка рамка. Но ставот на ЕУ е сега не само на Бугарија дека тоа се сега условите и нема во догледно време да се сменат,- -Александар Кржаловски, Македонски центар за меѓународна соработка. Освен промена на принципот на одлучување, Урсула фон дер Лајен е застапник и на идејата идните ново-примени земји членки да немаат право на глас во првите неколку години со цел да се избегнат т.н “тројански коњи„. Според Кржаловски, ваквата идеја оди во прилог на Македонија иако и тоа на крај би се свело на политичка одлука. -Во моментов ЕУ не е спремна ни за тоа но самото тоа што почна да се расправа и што се зборуваше со Советот на министри, дава надеж дека ќе се отвори процесот и тоа ќе си најде тек во кулуарите на ЕУ. Верувам дека дури и ќе го најде побрзо патот како решение отколку да чекаме на мерит системот кој според мене не може пред 2035 да се очекува членство, па дури и оние што се напред како Црна Гора и Албанија,- -Александар Кржаловски, Македонски центар за меѓународна соработка. Ден по поразот на Виктор Орбан во Унгарија, претседателката на ЕК апелираше дека сега е моментумот повторно да се разгледа прашањето за гласање со квалификувано мнозинство. Оваа иницијатива веќе е поддржана од Германија но наиде на жестока дипломатска офанзива од Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00