Како поранешниот полски министер ја напуштил Унгарија и стигнал во САД? - Канал 5

Како поранешниот полски министер ја напуштил Унгарија и стигнал во САД?

Додека новата унгарска влада во саботата го славеше почетокот на мандатот пред зградата на парламентот, најбараниот Полјак, екс министерот за правда, Збигњев Зиобро, кому му се закануваше екстрадиција од Унгарија, побегна во САД. 

Како поранешниот полски министер ја напуштил Унгарија и стигнал во САД?

Зиобро, кој е обвинет за повеќе кривични дела, а за кого новиот унгарски премиер Петер Маѓар по изборната победа најави дека ќе го врати во Полска, вчера се вклучи во живо од Америка за десничарската телевизија „Република“

-Јас сум во САД. Пристигнав вчера. Ова е прекрасна земја, најсилна демократија на светот, наш сојузник и гарант за безбедноста на Полска. , изјави Збигњев Зиобро, екс министер за правда на Полска за телевизија „Република“.

Се уште не е познато како Зиобро ја напуштил Унгарија и како заминал за САД, со оглед дека и неговиот полски и дипломатскиот пасош му биле поништени. Неофицијално, тој добил американска новинарска виза за да биде политички коментатор во САД. Властите во Варшава најавија дека ќе бараат екстрадиција од Вашингтон.

-Би сакал да знам дали некој од партиите на политичката сцена му помогнале на Зиобро да побегне. , изјави Валдемар Журек, министер за правда.

Зиобро, кој лани доби политички азил од Орбан, се соочува со казна затвор до 25 години во Полска. Се товари за злоупотреба на моќ, водење организиранa криминалna група и злоупотреба на средства за купување израелски шпионски софтвер, наводно за следење на политичките противници. Ја обвини актуелната влада на Туск за лов на вештерки.

-Целта на оваа влада не е да спроведе фер судење. Целта е да ме затвори, да ми стави лисици и да прави шоу пред камерите. Зошто? За да се одвлече вниманието од колапсот на здравствениот систем и неспособноста на оваа влада. , изјави Зиобро.

Името на Зиорбо го реактуелизираше Маѓар на изборната ноќ заедно со имињата на неговиот заменик Марчин Романовски и на македонскиот екс премиер Никола Груевски, за кои јавно најави испорачување, посочувајќи дека Унгарија нема да биде депонија за криминалци.

Од македонското министерство за правда соопштија дека во однос на Груевски се комплетира документацијата за неговата екстрадиција согласно законската процедура. Министерот Филков најави дека по изборот на новата унгарска влада ќе го информира неговиот колега за како што рече големата заинтересираност за случајот и оти ќе побара информација за промената на статусот и нивната одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кипар протера двајца руски дипломати- се обидувале да дојдат до тајни податоци за ЕУ

Двајца руски дипломати се протерани од Кипар под сомнение за шпионажа, потврдија двајца кипарски функционери во текот на викендот, откако телевизиската станица ANT1 Live ја објави веста.

Кипар протера двајца руски дипломати- се обидувале да дојдат до тајни податоци за ЕУ

Според двајца високи владини функционери, кои зборуваа под услов да останат анонимни за случајот, кипарските разузнавачки служби открија мрежа која се обидувала да добие класифицирани информации за безбедноста на Кипар и Европската Унија.

Мрежата, исто така, се обидела да добие податоци за технологија чиј извоз во Русија е забранет со санкциите на ЕУ, изјавија функционерите за Политико.

Тие додадоа дека двајцата дипломати биле принудени да го напуштат Кипар минатата недела и се осомничени дека работеле за руската разузнавачка служба под дипломатска покритие.

Тие рекоа дека мажите биле во контакт со кипарски граѓани кои имале пристап до класифицирани информации.

POLITICO контактираше со руската амбасада во Кипар за коментар за случајот, но не доби одговор до моментот на објавување.

Москва некогаш беше еден од главните извори на странски директни инвестиции во Никозија, додека медитеранскиот остров претходно беше важен банкарски центар за руски инвеститори, вклучувајќи трговци со оружје и компании за коцкање.

Сепак, во последниве години, санкциите на Европската Унија, регулаторните притисоци и променливиот геополитички фокус ја принудија Никозија да се оддалечи од ваквите инвестиции.

Кипар, како членка на ЕУ, ги поддржува сè построгите санкции на блокот против Русија уште од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина.

Според Службата за надворешно разузнавање на Украина, европските земји протерале повеќе од 700 руски претставници од дипломатските мисии од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0

Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА.

Неверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0

Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА, но никој не очекуваше „Црвената фурија“ да слави со неверојатни 15:0!

Шпанците, кои имаа гол-разлика од 20:0 по две кола, веќе водеа со 6:0 до полувремето.

И не е ни чудо кога во својот состав имаат седум играчи од младинските категории на Барселона, по три од Атлетико и Реал Мадрид, но и од Селта, Жирона, Атлетик Билбао...

Апсолутно доминантен играч на овој натпревар беше Рафаел Круз од Лас Палмас, кој постигна шест гола, додека Роберто Томас и Гилермо Трухиљо го проверија противничкиот голман по три пати.

Интересно е што ова не е апсолутен рекорд и најубедлива победа на Мундијалот до 17 години, бидејќи Мароко успеа да ја победи Нова Каледонија со 16:0 минатиот ноември. Шпанската репрезентација е еден од главните фаворити за победа на ова натпреварување, па ќе видиме во остатокот од натпреварувањето дали ќе ја одржат оваа монструозна форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија

Кривичниот совет на шпанскиот Врховен суд во понеделник одлучи да ја прекине постапката за наводното кривично дело проневера против поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон.

По девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија

Истата мерка важи и за поранешните министри за здравство и култура, Тони Комино и Луис Пуџ, според пресудата што ја виде RTVE.

Судската постапка против Пуџдемон и двајцата поранешни министри е прекината девет години по нивното бегство во Белгија и претставува последен чекор што им овозможува да се вратат во Шпанија кога сакаат и да се кандидираат на избори.

Судот ја прогласи постапката за завршена две години откако стапи во сила законот за амнестија.

Врховниот суд во пресудата го потврдува крајот на истрагата што веќе ја издаде истражниот судија Пабло Љарена на 3 ноември.

Љарена веќе ги укина налозите за апсење што беа во сила во октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер