Како подолго време да го задржите тенот после сончање - Канал 5

Како подолго време да го задржите тенот после сончање

Со внимателна нега, летниот сјај не мора да заврши со последниот ден од одморот.

Како подолго време да го задржите тенот после сончање

За многумина, враќањето од летување не значи само крај на уживањето со коктели на песокот, туку у губење на оној совршен тен што внимателно сте го добиле во деновите поминати на плажа. Сепак, блескавата летна боја не мора да исчезне по враќањето на работа. Со неколку паметни трикови може да потрае многу подолго.

Според Камила Пјероти основата за долготраен исончан тен е добра подготовка на кожата.

Деновите пред одмор се клучни за хидратација, а исто така благиот пилинг пред сончање овозможува рамномерна и долготрајна боја – објаснува таа.

Хидрирањето на кожата, однатре и однадвор, се покажало како апсолутен императив. Дерматолозите препорачуваат богати лосиони и масла со хијалуронска киселина, која на кожата ѝ ја враќаат изгубената влага од јакото сонце.

Сонцето ја суши кожата, па по враќањето дома мора да се продолжи со хидрирање – предупредува Камила.

Уште една грешка што многумина ја прават е уживањето во многу топло туширање. Високата температура на водата дополнително ја суши кожата и го забрзува губењето на бојата. Затоа се препорачува туширање со млака вода и користење на хранливи гелови за туширање.

Заблудата дека кремите со заштитен фактор го спречуваат потемнувањето и понатаму се шири, но според дерматолозите овие креми ве штитат од горење и лупење на кожата. Ако ги користите правилно кремите со заштитен фактор, тенот ќе биде изедначен и долготраен.

Интересно е дека пилингот на кожата после летувањето може да го продолжи ефектот на темен тен. Со отстранување на мртвите клетки, кожата изгледа посвежо и посјајно, а меланинот кој ја дава бојата останува во длабоките слоеви и не се губи со лесен пилинг.

Внесувањето на доволно течности не смеете да го заборавите, тоа помага кожата да остане еластична и здрава. За дополнителен ефект на сјај се препорачува масло за тело со рефлектирачки честички или лосиони со блескав ефект кои визуелно го продолжуваат потемнетиот тен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE.

Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта.

Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона.

Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба.

Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.

За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста.

Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси.

Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер