Која е најекономичната брзина за вашиот автомобил? Многу возачи имаат свои филозофии за ова, но има правила кои се веќе докажани, пишува Ревијахак.
За повеќето возила, генерално најдобрата стратегија за подобра економичност на горивото е:
• Забрзајте што е можно поскоро
• Префрлете се на најголемата „брзина“
• Возете до 90 km/h
• Одржувајте ја брзината на моторот помеѓу 1500 и 2500 вртежи во минута
На овој начин, потрошувачката на гориво е најниска, а моторот е најмалку под стрес.
Која е идеалната брзина на автопат?
Кога станува збор за возење по автопат, германската организација „TÜV“ препорачува:
• Брзина од 70 до 80% од максималната брзина на автомобилот
• Не надминувајте 130 km/h
Ова правило особено важи за послабите автомобили, кои немаат голема максимална брзина.
На пример: автомобил со максимална брзина од 150 km/h треба да патува помеѓу 105 и 120 km/h за да се одржи оптималната потрошувачка на гориво.
Извор: Б92