ЗдравјеКако кучињата влијаат на нашето здравје?Сите знаеме дека кучињата даваат безрезервна љубов и поддршка, а секој кој некогаш поминал макар и кратко време со куче знае колку можат да го збогатат секојдневието и да го разубават животот. Еве пет начини на кои кучињата влијаат врз нашето ментално здравје и расположение: * Ја лекуваат осаменоста Една австралиска национална анкета спроведена од Истражувачкиот институт за животните релации на човекот покажа дека 85 отсто од испитаниците веруваат дека интеракцијата со домашните миленичиња ја намалува осаменоста. * Го намалуваат стресот Многубројни студии покажуваат дека кучињата ги ублажуваат стресот и анксиозноста. Дури и галење на кучето го намалува крвниот притисок, влијае на работата на срцето, го забавува дишењето и ја намалува напнатоста на мускулите. Научници од државен универзитет во Вашингтон открија дека само 10-минутно галење на куче може да има значително влијание, а учесниците во студијата имале значително намалување на кортизолот, доминантниот хормон на стресот. * Ја подигаат самодовербата Присуството на куче прави луѓето да изгледаат подопадливи и попривлечни, дури и на социјалните мрежи. Бројни истражувања покажаа дека е поверојатно атрактивна девојка да го даде својот телефонски број на маж со куче отколку на оној без домашно милениче. Во една од овие студии, истражувачите побараа од учесниците да ги оценат луѓето на фотографиите и открија дека оние со куче се оценети како најсреќни и најопуштени. * Го збогатуваат социјалниот живот Ако безуспешно барате нова љубов, можеби најдобро решение е да вдомите куче. Шетањето со кучиња не прави попристапни и може да биде повод за да започнеме разговор. Кучињата се совршен начин да запознаете луѓе и да создадете нови пријателства, а можеби и да запознаете нова љубов. * Го подобруваат расположението Само еден поглед на домашното милениче може да ви го подигне расположението. Студија од 2009. година во Јапонија покажа дека кога го гледате кучето во очи се зголемува нивото на окситоцин, познат и како хормон на љубовта и хормон кој природно го подобрува расположението. * Кучињата ве тераат да излезете од дома Долгите прошетки со вашето куче се најдоброто нешто што можете да го правите секој ден за вашето здравје. Вашето милениче ќе ве извлече од дома, дури и кога немате желба да одите на прошетка, како да знае дека ќе се чувствувате подобро по заедничкото време поминато во природа. Едно британско истражување покажало дека сопствениците на кучиња имаат речиси четири пати поголема веројатност да ја исполнат дневната рутина на физичка активност отколку оние без домашни миленици. Статистиката вели дека сопствениците на кучиња поминуваат скоро 300 минути неделно во прошетка на своите кучиња, што е за 200 минути повеќе од времето поминато во пешачење на просечен човек кој нема куче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook