Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
2Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
Шоу бизКако изгледа светски познатата пејачка без шминка Пејачката Гвен Стефани често на црвениот тепих е тип-топ средена а црвениот кармин е нејзин заштитен знак.Меѓутоа ниту таа не остана имуна на светскиот тренд актуелен деновиве - селфи со малку или без шминка. Секако со додатоци од некои филтери. Гвен се фотнала во утринско, домашно издание во бела маичка и со минимални корекции. A photo posted by Gwen Stefani (@gwenstefani) on May 12, 2016 at 10:36pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 телаРусија и Украина разменија останки на 277 војници убиени во војната.Русија ѝ ги предаде телата на 252 загинати војници на Украина, а за возврат ги презеде останките на 25 свои војници, објави белоруската новинска агенција БелТА. Размената се одржа на граничниот премин Новаја Гута во Белорусија. Договорено обновување на трипартитните мировни преговори Репатријацијата на останките се случи еден ден откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ги заврши разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тие разговараа за обновување на трипартитните мировни преговори, кои беа прекинати уште во февруари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев го поддржува американскиот предлог за трилатерални преговори со Москва и Вашингтон. Кремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи преговорите со посредство на САД, веќе следниот месец. Русија и Украина претходно разменија останки на паднати војници во август и септември. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, на 2 октомври објави дека повеќе од 26.000 тела и останки се вратени во Украина како дел од репатријацијата, но значаен дел од нив сè уште не е идентификуван.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТом Круз добива награда за животно делоПризнание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите. Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави. Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт. Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook