Како изгледа од внатре чукање на срцето?(видео) - Канал 5

Како изгледа од внатре чукање на срцето?(видео)

Научници од германскиот институт Макс Планк снимиле, со помош на магнетна резонанца, неколку снимки кои за прв пат покажуваат како одредени биолошки процеси изгледаат кога се гледаат „од внатре“.

Како изгледа од внатре чукање на срцето?(видео)
На каналот на институт на Јутјуб се поставени три снимки - говор, пеење и работа на срцето. Настанале благодарение на новата технологија на магнетната резонанца која создава подвижни фотографии во реално време.
Еден од пионерите на магнетната резонанца Јенс Фрам, професор од германскиот институт за биофизичка хемија Макс Планк, го развил системот FLASH2 - кој користи математички процеси за реконструкција на секови во подвижни слики, пишува британски Дејли Мејл.
Таа техника значително го забрзала МРИ скенирањето и овозможила прикажување до 100 слики во секунда, наведуваат од институтот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер