СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
ЖивотКако избегав од убиствениот, полигамен, секташки круг на татко ми!Таткото на Ана Ле Барон, Ервил, бил лидер на секташки култ одговорен за над 20 убиства. Убиствата продолжиле и по неговата смрт, бидејќи оставил „листа за отстрел“. Ервил имал 13 жени и 50 деца, а сите во култот го сметале за божји пророк!Би Би Си ја пренесува приказната на Ана Ле Барон која во последен момент успеала да избега од канџите на сектата на нејзиниот татко. - Не учеа дека ние сме деца на пророкот Ервил Ле Барон. И верувавме! Иако не третираа лошо, верувавме дека сме деца на божји пророк - вели Ана. - Тој знаеше како да ги манипулира и контролира луѓето. Живеевме во страв да не ги завршиме наредбите како што ни се дадени - вели Ана која својот татко го видела само неколку пати. Тој имал 13 жени и 50 деца и апсолутна контрола на сите членови на култот. Ана денеска има 48 години и зборува без траги од траумите од детството - пишува Би Би Си. Таа е родена во Мексико, како дете на четвртата жена на нејзиниот татко, Ана Мае Марстон, и била разделена од мајка си на мала возраст за да го продолжи животот во бегство од полицијата. Живеела со другите деца на Ервил и неговите „сестрински сопруги“ во куќи - засолништа, а и било објаснето дека се кријат бидејќи тие се деца на пророк и надворешниот свет не ги разбира! - Така ни објаснуваа зошто мора да бегаме на сред ноќ и да се криеме од полициски прогон. Децата биле претепувани ако не работата доволно, бидејќи тие ги создавале приходите со чистење на апарати з адомаќинство и слична физичка работа. Девојчињата биле учени дека на 15 години треба да станат сопруги на полигамни мажи. - Кога избегав на 13 години, избегав за влакно! - вели Ана. Таткоот на Ана бил баран од Еф Би Ај и од мексиканската полиција за убиства на двете страни од границата.Тој не ги извршувал убиствата но ги нарачувал од своите следбеници, за секој што ќе израи неверување дека е пророк пратен од Господ. Меѓу убиените се и две негови деца и една сопруга, кои изразиле недоверба во приказната што ја создал. Неговите следбеници, цврсто уверени дека Ервил ги добива инструкциите како да постапи директно од Бога, ги извршувале убиствата беспоговорно! Во 1979 Ервил бил фатен од Еф Би Ај, во 1981 починал во затвор, но убиствата според неговата „листа на предавници3 продолжиле! Ана тогаш живеела со својата мајка, полусестрата Лилијан и нејзиниот сопруг Марк. Се одвоиле од сектата. Но наследникот на Ирвил Ден Џордан дошол по нив, да ги врати назад. Ана се спротивставила. Лилијан и Марк ја сокриле во хотелска соба кога нејзината мајка и Ден заминале за Денвер. Следеле убиства на предавиците - во рок од 4 часа во 1988 година биле убиени Марк, неговиот брат Двејн, 8 годишната ќерка на Двејн, Џенифер, и полубратот на Ана, Еди, Во Тексас. Лилијан се самоубила. Во 1997 полубратот на Ана Ерон е осуден на 45 години затвор за овие убиства, познати како „Четири убиства за 4 часа“. Ана успеала да се спаси од пеколот и сега објавува книга. Има семејство и се бори против полигамијата, а за својот татко верува дека бил човек со ментални проблеми. / извор BBC Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20