Како еволуираше реториката на Мицотакис во однос на Преспанскиот договор? - Канал 5

Како еволуираше реториката на Мицотакис во однос на Преспанскиот договор?

„И не го испуштам правото на вето за секое поглавје што ќе се однесува на интеграција на Скопје во Европската унија“.

Како еволуираше реториката на Мицотакис во однос на Преспанскиот договор?

Ова беше само една од пораките, што непомирливиот Кирјакос Мицотакис ги испраќаше по потпишувањето на Договорот од Преспа. Тогаш се уште прв опозиционер и потомок на едно од највлијателните грчки политички династии, не пропушташе можност Спогодбата да ја претстави единствено како национален пораз и предавство.

-Ципрас и неговото мнозинство на соседната земја и отстапи нешто, што никогаш дотогаш никој не го даде – македонски јазик и идентитет, велеше Мицотакис.

Ваквите пораки несомнено му обезбедија убедлива победа на изборите, но неговата реторика како премиер стануваше се понеубедлива во однос на Договорот, а македонскиот јазик и идентитет речиси исчезнаа во неговите обраќања.

-Канцеларката ги знае моите размислувања дека Договорот од Преспа е договор со сериозни мани, но мани што можат да се ублажат преку целокупната европска перспектива, изјави Мицотакис на средбата со Меркел.

Од неговиот вокабулар исчезна и зборот вето, а повеќе не спомена ниту можност за раскинување или ревидирање на Спогодбата.

-Ако го прочитате договорот, самиот договор не остава простор за еднострано поништување. За жал договорот беше ратификуван. Сега веќе имаме една Северна Македонија, која има Македонци признаени од договорот, кои говорат македонски јазик и ја имаме грчката Македонија., изјави Мицотакис.

Рече дека не му се допаѓа Договорот, но оти е ратификуван и ќе мора да го почитува. Во спротивно, како што оценија дел од аналитичарите, тој би се пукал во нога зашто несомнено би и дал зелено светло на Анкара да го оспори на пример Лозанскиот договор, кој ги потврдува денешните границите меѓу Грција и Турција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри

Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри, јасни правила и одговорност до институции што испорачуваат резултати!

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри

Јавната администрација е оперативниот мотор на државата, а нејзината сила се мери според способноста да решава проблеми, да презема одговорност и да испорачува резултати. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на Министерскиот панел во рамки на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина. Тој истакна дека реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од бирократски процедури и формално исполнување обврски кон професионално работење, јасни правила и мерливи резултати за граѓаните.

„Со реформите во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор воспоставуваме систем во кој професионалноста, компетентноста и одговорноста ќе бидат мерило за сечија работа. Оние што работат квалитетно, покажуваат посветеност и постигнуваат резултати мора да бидат препознаени и соодветно наградени, но исто така, оние што не ги исполнуваат работните обврски и не ги оправдуваат очекувањата мора да сносат соодветни последици. Не може да бараме ефикасни институции без јасни критериуми и без систем во кој секој административен службеник знае дека неговиот труд ќе биде вреднуван, а неговото непрофесионално работење нема да биде толерирано. Само така градиме администрација во која заслугите се наградуваат, а неодговорноста има последици“ порача Минчев.

Професионализацијата на раководните позиции и функционалното организирање на институциите се следните клучни алки во реформскиот процес. Со примената на законската рамка за високи раководители, започната на 1 октомври 2026 година, се зајакнуваат основите за професионално и одговорно управување, додека подготовката на новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) е насочена кон појасни надлежности, отстранување на преклопувањата и подобра координација.

„Државата не смее да губи енергија во институционални преклопувања и нејасни одговорности. Секоја институција мора да има прецизно утврдена улога, а секоја одговорност мора да има носител. Само така создаваме систем што работи во интерес на граѓаните, а не граѓаните да се приспособуваат на слабостите на системот“ истакна министерот.

Како важен инструмент за професионализација на администрацијата, Минчев го посочи почетокот на работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, планиран за јануари 2027 година. Академијата ќе овозможи континуирано унапредување на стручните знаења, развој на лидерските компетенции и јакнење на професионалните капацитети. Целта е знаењето да стане двигател на институционалниот напредок, а професионалниот развој, директна инвестиција во поквалитетно управување и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат.

Учеството на „Косово ПАР 2026“ ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства во спроведувањето на реформите. Сепак, вистинскиот успех не се мери со бројот на донесени закони или спроведени активности, туку со промените што граѓаните ги препознаваат во секојдневниот контакт со институциите. Професионалноста ги движи реформите, јасните правила го зајакнуваат системот, а конкретните резултати ја градат довербата. Тоа е насоката на Министерството за јавна администрација, администрација што не ја забавува државата со непотребни пречки, туку ја придвижува напред со знаење, ефикасност и одговорност.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра

Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи.

Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра

Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на меѓународна научна конференција на ЈНУ Институт за интелектуална сопственост - „Интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во македонското општество“, која се организира во рамки на проектот „Фактори на управувањето со интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во Македонија“, финансиран од Министерството за образование и наука.

„Во фокусот на овој проект е влијанието на дигиталната трансформација врз правната рамка за заштита на интелектуалната сопственост. Ова е важно да биде предмет на истражување, затоа што брзиот технолошки развој и забрзаната дигитализација отвораат нови можности, но истовремено поставуваат и сериозни предизвици пред постојните правни и регулаторни рамки. Заштитата на авторските права, трговските марки, патентите, трговските тајни и личните податоци добива нова димензија и неопходно е овие процеси да се анализираат системски, научно и во согласност со современите европски и светски тенденции“, рече Јаневска.

Министерката нагласи дека истражувањето веќе ја зацврсти релацијата помеѓу науката и носителите на одлуки, со правната професија и со институциите што имаат важна улога во заштитата на интелектуалната сопственост.

„Од позиција на министер за образование и наука, горда сум не само на овој, туку и на сите други проекти кои ги поддржавме како Влада во изминатата година. Важни се, затоа што ја потврдуваат улогата на науката како двигател на развојот и како значаен партнер во креирањето јавни политики засновани на научни сознанија и докази“, додаде Јаневска.

Потенцираше дека целта на Владата е научноистражувачката работа да создава резултати што ќе имаат реална вредност за институциите, за економијата и за граѓаните. И затоа буџетот за наука е двојно зголемен. Дополнително, овозможен е бесплатен пристап до најпознатите глобални научни бази „Web of science“ и „Scopus“ за сите македонски научници и академски професори. МОН ги покрива трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, како и трошоците за објава на зборници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим.

Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија

Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка.

Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција.

Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка.

Кошаркарската федерација на Македонија му изразува искрена благодарност за вложениот труд, професионалниот однос и придонесот во работењето со националниот тим. Федерацијата ја почитува неговата одлука и му посакува многу здравје, лична среќа и понатамошни професионални успеси.

ВИКТОР ПЕТРОВСКИ – МЛАДОСТ, АМБИЦИЈА И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ

Новиот селектор Виктор Петровски, роден во 2001 година, и покрај својата младост, зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера, исполнета со значајни резултати во младинските и сениорските натпреварувања.

Неговата тренерска биографија претставува потврда дека возраста не мора да биде пречка за постигнување врвни резултати, доколку е проследена со знаење, посветеност, амбиција и професионален пристап.

Уште во 2019 година, како тренер на селекцијата до 14 години, Петровски освојува бронзен медал на завршниот турнир, додека во 2021 година со селекцијата до 18 години стигнува до златниот медал.

Во 2022 година првпат ја презема функцијата главен тренер на сениорски тим, а уште во својата дебитантска сезона е прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од првенството, остварувајќи серија од девет последователни победи.

Во наредните сезони продолжува со континуирани успеси. Во 2023 и 2024 година обезбедува пласман во полуфиналето на националното првенство, а во 2025 година го предводи својот тим до финалето.

Круна на неговата досегашна работа е 2026 година, кога ја освојува титулата национален шампион на Македонија, како и трофејот во Суперкупот. Во сезоната 2025/2026 го добива и признанието „Тренер на неделата“ во регионалната WABA лига.

Петровски е носител и на посебни признанија како најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула, како и најмлад тренер освојувач на Суперкупот.

Но, за Кошаркарската федерација, покрај неговите трофеи, особено значајна е неговата досегашна успешна работа со младите кошаркарки. Петровски веќе има воспоставено соработка со генерацијата до 18 години, од која дел од кошаркарките во наредниот период ќе бидат вклучени и во сениорската репрезентација.

Токму тој континуитет, познавањето на нивните квалитети, можности и потенцијал, претставува една од клучните причини за довербата што Федерацијата му ја укажува.

Веруваме дека со изборот на Виктор Петровски не добиваме само нов селектор, туку и тренер кој има можност да расте и да се развива заедно со новата генерација македонски репрезентативки.

БЛАГОДАРНОСТ ДО КОШАРКАРКИТЕ КОИ ГО ЗАВРШУВААТ СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН АНГАЖМАН

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман.

Станува збор за:

Анџелика Митрашиновиќ

Александра Стојановска

Мерит Хемпе

Ивана Кметовска

Илина Селцова

Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим.

Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание.

Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка.

Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес.

ГЕНЕРАЦИСКА СМЕНА – ХРАБРА, НО НЕОПХОДНА ОДЛУКА

Со повлекувањето на дел од поискусните репрезентативки, како и со привремената недостапност на одредени кошаркарки кои настапуваат и се школуваат во Соединетите Американски Држави, македонската женска репрезентација влегува во период на значително подмладување.

Во претстојниот ноемвриски квалификациски прозорец, националниот тим ќе настапи со состав во кој важна улога ќе добијат млади кошаркарки, од кои дел сè уште немаат доволно меѓународно сениорско искуство.

Свесни сме дека ваквата промена носи сериозни предизвици. Свесни сме дека младоста сама по себе не гарантира резултати, дека искуството не се стекнува преку ноќ и дека на новата генерација ќе ѝ бидат потребни време, трпение и многу работа.

Но, истовремено сме убедени во една едноставна вистина:

ЗА ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ, МОРА ОДНЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ!

А секој почеток, особено во спортот, е тежок. Ниту една успешна репрезентативна генерација не е создадена преку ноќ. Зад секој голем спортски резултат стојат години систематска работа, вложување, доверба, дисциплина, но и подготвеност да се помине низ периоди на неизвесност и резултатски неуспеси.

Затоа, одлуката за подмладување не треба да се толкува како откажување од спортските амбиции. Напротив, таа претставува определба за создавање нова, долгорочно конкурентна репрезентација.

Не бараме од младите кошаркарки веднаш да ги достигнат резултатите на своите претходнички. Бараме од нив со работа, дисциплина и љубов кон националниот дрес да создадат услови еден ден да ги надминат.

За тоа ќе биде потребна поддршка не само од Федерацијата и стручниот штаб, туку и од клубовите, спортската јавност и сите оние кои искрено ја сакаат македонската женска кошарка.

НОЕМВРИСКИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ПРОЗОРЕЦ – ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија.

Овие натпревари ќе претставуваат сериозен тест, но истовремено и исклучително значајна можност за младите кошаркарки да го почувствуваат вистинскиот предизвик на сениорската меѓународна кошарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер