Како е да си мртов - открива пациент кој два пати бил во клиничка смрт! - Канал 5

Како е да си мртов - открива пациент кој два пати бил во клиничка смрт!

Има само 22 години а веќе два пати бил клинички мртов - еднаш по сообраќајка, еднаш по предозирање. Саша Елиасон од Стокхолм открива како е да се биде клинички мртов.

Како е да си мртов - открива пациент кој два пати бил во клиничка смрт!
Во онлајн интервју младиот Швеѓанец вели дека еднаш бил клинички мртов во јуни 2014 по сообраќајка со мотор, а втор пат неколку месеци подоцна кога се предозирал со лекови против болка кои ги пиел по операција.

22 годишниот Саша кој с еопишува себеси како „доживотен атеист“ вели дека двата пати почувствувал само „црна празнина“!

Искуството го спореди со „кус сон без соништа“ а вели дека дознал дека тоа било клиничка смрт само затоа што докторите му кажале подоцна.

- Ниту едно лично достигнување нема да ми биде важно кога ќе умрам. единственото нешто кое ќе живее по мојата смрт ќе биде она што останало како мое влијание на луѓето со кои сум бил а кои уште ќе бидат живи - вели Саша.

Затоа тој е решен да го живее животот како што сака и да им помага на луѓето околу себе. вели дека тоа што два пати бил во клиничка смрт, му помогнало полесно да се соочи со смртта.

- Сешто треба да сториме е да ја прифатиме смртта каква што е, како дел од животот. Тогаш сите ќе разберат дека нема од што да се плашат. Кога ќе умреш толку е, се е готово - вели младиот човек.

Саша на 25 јуни возејќи мотор удрил во бетонска конструкција, наеднаш закочил и изгубил контрола над моторот. Од силната болка од повредите кои ги добил 2 минути останал без пулс, не дишел и не бил свесен. По неколку месеци имал толку силни болки што се напил огромно количество лекови против болки - вели дека тогаш респираторниот систем привремено му замрел.

- И двата пати исчезнав. Се беше црно. Ќе го објаснам тоа како кога заспиваш. Спиење без соништа. Се будиш и мислиш дека си спиел долго време, а тоа било неколку минути.

Што е со луѓето кои велат дека биле свесни за време на клиничка смрт? Саша има одговор на тоа : Мислам дека во нивните случаи, нивната памет била активна, односно доживеале некој вид на сон.

По ова што му се случило, Саша вели дека повеќе не се плаши од смртта.

- Сега знам дека смртта не е ништо полошо од спиење.Кога ќе умреш само престануваш да постоиш, ништо страшно - заклучува момчето./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! 

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ.

Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство.

Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“.

Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена.

Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент.

Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста.

За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер