Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ЖивотКако до стан на Сицилија по цена од едно евро?Градоначалник на мало гратче на западниот брег на италијанскиот остров Сицилија, продава станови и куќи по цена од едно евро.Поради се поголемиот број на миграција на жителите во урбаните средини, властите на градот Самбуча со оваа необична одлука сакаат својот град да го спасат од изумирање. Имено, на продажба се нудат 12 станови кои се руинирана состојба. Поголемиот дел од недвижностите се движат од 40 па се до 150 квадратни метри. Иако ова не е прв пат еден италијански град со помалку луди понуди да мами странски вложувачи, градоначалникот на Самбуча, Ѓузепе Кациопо тврди дека не станува збор за пропаганда туку за вистинска потреба за нови инвестиции. Властите досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи има најмногу од Швајцарија, Франција, Шпанија, но и останатите делови на светот. Нормално, во оваа идилични понуда постои и една клаузула. Имено, секој нов сопственик при купувањето ќе мора да се обврзе дека во рок од три години во обновата на станот ќе вложи најмалку 15.000 евра. Плус, пред купувањето ќе биде потребно да приложи депозит од 5.000 евра кој ќе биде вратен после обновата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во ГерманијаХаос на улиците во Франција. Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот. Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица. Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети. Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо. Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци . Немири и насилства имаше и на улиците во Германија. Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата. По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје. Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Тагови: протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48