ЗабаваКако да запознаете и да се омажите за милијардер? Експерт за односи им ја открива оваа тајна на жените која вклучува 6 чекори!Сузан Тромбети тврди дека постои начин дамите што првенствено го ценат факторот пари кај партнерот да дојдат до еден таков фраер. Богатството не се мери само во пари, туку и во вредноста на човечките односи, но финансиската сигурност е добра работа. Сузан Тромбети, познат експерт за односи, открива како да привлечете богат партнер и да станете дел од ексклузивните кругови во кои се движат милијардерите. - Првите чекори кон заљубувањето во милијардер започнуваат многу време пред да го запознаете. Клучно е стратешки да се позиционирате и да бидете блиску до нив, но не само до еден, туку до повеќе милијардери, - изјавила Сузан за Дејли меил. Иако бракот со богат партнер може да реши многу финансиски проблеми, Сузан предупредува дека парите не треба да ви бидат единствениот мотив. - Не сакам да ги поттикнувам жените да се мажат само за пари, иако знаеме дека тоа се случува. Многу жени доаѓаат кај мене со желба да најдат „ултра-богат“ партнер, но тоа не значи дека не бараат и љубов. Освен група мажи кои исклучиво бараат убави жени, милијардерите се како и секоја друга личност, само имаат неверојатна банкарска сметка“, изјавила таа. Овој експерт за поврзување парови, наведува примери на т.н. „обични жени“ кои се омажиле за исклучително богати мажи. - Овие жени се интелигентни, софистицирани, убави и способни да се справат со предизвиците на светската сцена. Во никој случај не се обични жени, обидете се да бидете како нив - советува таа. Сепак, таа предупредува на недостатоците на таквите бракови. - Многу богати мажи знаат дека можат да го заменат своето богатство за младост и убавина. Тоа е крајно површно. Тоа е непишан договор стар колку и самото време, но зошто некоја жена би се продала себеси под сопствената вредност? Сте слушнале дека можете да се заљубите во богат човек, исто како што можете во сиромав. Мој совет е паметно да играте со картите и нема ништо лошо во тоа, - заклучува оваа жена стручњак за односи. За оние кои сакаат да освојат милијардер, таа нуди конкретни совети: 1. Посетувајте ги најдобрите училишта и стекнете високо образование за да можете да работите во компанија на некој милијардер. 2. Научете повеќе јазици и станете глобално писмени. 3. Не очекувајте да бидете само „жена во сенка“, туку активен учесник во врската. 4. Патувајте до елитни дестинации како Аспен, Дубаи, Монако, езерото Комо и француската ривиера за да ја проширите вашата мрежа на контакти. 5. Присуствувајте на ексклузивни настани како што се гала вечери, уметнички изложби и коњски трки, каде што се собираат милијардери. 6. Поврзете се со елитни стројници кои имаат контакти во светот на богатите и моќните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16