3Австралија сака да ја забрани „емоционалната блискост“ со вештачката интелигенција, најавуваат казни
Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
2Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
ЖивотКако да се заштитиме од давење на одмор?Од грчката организација за безбедност на плажа „Safe Water Sports“ советуваат како да се заштитиме од давење на одмор.За време на младински натпревар во синхронизирано пливање во грчкиот град Волос, спасувач експресно се фрла во базенοт откако забележува дека едно од девојчињата ја губи свеста и веднаш ја извлекува од водата, а со брзата интервенција и го спасува животот. Конкретниот случај од пред два дена е еден од оние ретките со среќен крај. Губењето живот во водена средина, најчесто во море или базен, особено во летниот период е речиси секојдневие во Грција. Според Светската здравствена организација (СЗО) над 30 луѓе ширум светот го губат животот од давење секој час, секој ден, а во Грција, за време на летниот период во соопштенијата од Крајбрежната служба секојдневно има случаи на домашен или странски турист кој животот го загубил во морето, додека и оваа сезона, меѓу загинатите има и македонски државјани, а последниот случај е од четвртокот. Во Грција, во последните пет години во просек 357 лица годишно ги губат животите во водна средина според податоците од Опсерваторијата за несреќи на невладината организација „Safe Water Sports“, а Елиса Карабетиан-Никотиан од организацијата во разговор со дописничката на МИА од Атина ги анализира податоците и причините за давење, но и советува: како да се заштитиме од давење за време на летниот одмор во Грција. „Safe Water Sports“ е невладина организација што работи на подигање на безбедноста при спортови и активности во вода, особено за деца и туристи, годинава одбележува десет години постоење, а соработува со Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со Министерствата за поморство и туризам, како и со Крајбрежната служба. Согласно податоците од организацијата и од ЕОДИ, во 2024 година, 395 лица ги загубиле животите во водната средина во Грција за време на пливање, водни спортови, активности за водна рекреација. - Сега засега сме подобри од лани и ова требаа да се нагласи како позитивно. Досега до јули имаме 197 давења за разлика од 245 што имавме лани за истиот период во сите овие месеците, вели Карабетиан-Никотиан. Статистиката покажува дека од несреќите со трагичен крај, 98 отсто се во близина на брегот, а не на отворено море, при пливање (95 проценти), а 66 отсто од несреќите за време на пливање се случиле на плажи на кои нема спасител. Најранлива возрасна група се лицата над 60 години, кои се 81 отсто од смртните случаи. Во текот на летната сезона во Грција животот поради давење во море го губат и голем број туристи, а годинава, во текот на јуни и јули на грчките плажи се удавија и четворица македонски државјани: 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак, 80-годишен маж во близина на Кавала, како и последниот случај од четвртокот со давење на 75-годишна жена во близина на првиот крак. Елиса Карабетиан-Никотиан „Safe Water Sports“ за МИА анализира дека главните причини за давење се преценување на сопствените способности особено кај старите лица, недостиг на надзор за децата, пливање на пусти плажи без спасувачи, јадење непосредно пред пливање. -Мнозинството што ги губат животите се повозрасни лица, повеќето секогаш се мажи, но за жал во последниот период имаме случаи и со мали деца, вели Карабетиан-Никотиан. За децата, објаснува дека нaјчесто не постои надзор, „многупати родителите ги оставаат без надзор, без разлика дали се на море или на безен“. Дополнително вели дека нешто што важи и за децата и за возрасните е дека многу често, јадат и веднаш влегуваат во вода и пливаат, а задолжително треба да поминати два-три часа. - Оние што се повозрасни одбираат да одат на плажа многу рано наутро за да нема луѓе и да не биде толку топло, односно околу 8-10 часот, временски период кога нема спасувачи. Исто така ги преценуваат своите можности, одат сами, што е погрешно. Треба секогаш да имаме некој со нас, за доколку ни се случи нешто да може да ги извести надлежните. Секогаш да избираме плажа со спасувач, ние многу го нагласуваме ова, да не одиме непознати води, кога нема никој таму, колку и да е убава плажата. Да пливаме секогаш паралелно со плажата бидејќи така не ја губиме нашата ориентација, да не одиме зад карпи каде што не може никој да не види, да внимаваме дури и со скокање во вода, бидејќи неодамна имавме случај со малолетно дете кое се повреди паѓајќи од карпа, при скок, секогаш треба да ја контролираме длабочината на морето и секако да не ја напуштаме означената безбедна зона за капачи, објаснува Карабетиан-Никотиан. На популарните плажи со голем број посетители, согласно законот задолжително треба да постои спасувач во периодот од 10 до 18 часот, а од „Safe Water Sports“ велат дека е позитивно тоа што веќе постојат многу општини кои одбираат да го продолжат времето на престој на спасувачите, на пример од 8 наутро и да ги задржат до 19-20 часот навечер. Дополнителна опасност претставуваат и спортските и морските активности во море, со оглед на тоа што, како што потенцира претставничката од „Safe Water Sports“, бизнисите кои нудат водни споротиви на плажа не се секогаш лиценцирани и не ги информираат посетителите за сите безбедносни регулативи. Бесплатна мобилна апликација „Safe Water Sports“ за информирање за сè што е поврзано со плажите и безбедноста За информирање на посетителите за сè што е поврзано со плажите, односно за дозволените активности, за присуството на спасувачи, за безбедносните стандарди и за лиценцирани водени спортови и морски активности, невладината организација заедно со Министерството за поморство и со поддршка од Министерството за туризам ја има изработено бесплатната мобилна апликација „Safe Water Sports“. Елиса Карабетиан-Никотиан вели дека конкретната апликација е бесплатна и корисна и за Грците и за туристите, а „ја промовираат и на атинскиот аеродром, како и сите бродски компании, но амбасадите каде“. - Имаме изработено мапа за секоја плажа, вклучени се над 4.000 плажи и може да се видат сите карактеристики, односно дали има спасувач – што е многу важно, дали има песок или камчиња, дали има пристап за лица со инвалидитети. Може да се најдат законските и лиценцираните бизниси со морски активности и водени спортови. Може да се прочита регулативата, вели Карабетиан-Никотиан. Како пример за законските услови за водените спортови ги споменува водените скутери, односно џет ски, кои се особени популарни, но за жал и доста често поради прекумерна брзина предизвикуваат несреќи и повреди. - Луѓето не знаат дека за користење џет ски, треба да имаме дозвола за глисер од крајбрежната служба. Многу бизниси ова го претставуваат погрешно за да извадат екстра пари. Ова е нелегално, посочува Карабетиан-Никотиан за МИА. Дополнително нагласува дека преку апликацијата може да се поднесе пријава, но и директно да се разговара со крајбрежната служба на Грција. За најмладите пак, нуди едукативни игри. А токму едукација на децата, но и родители за безбедност во морето, базените и водните средини е една од главните активности на невладината организација, која паралелно соработува со Министерството за образование со училишта. Целта е главните информации децата да ги научат уште од многу рана возраст, како што објаснува Карабетиан-Никотиан и посочува дека за таа цел имаат создадено интерактивен простор во Атина, што е прв од ваков тип и бесплатен за учениците, а исто така организираат и бесплатни часови по пливање. -Нашата цел е до 2030 година децата што го завршуваат основното училиште да ги знаат сите безбедносни правила и теоретски и во вода. Ние сме земја со 13.676 километри крајбрежје и секоја година говориме за давања, за смрт. За жал нашата цел е ова да го сведеме на нула, истакнува Елиса Карабетиан-Никотиан од „Safe Water Sports“ во разговорот за МИА. Тагови: одмор давење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)Мајка на четири деца од Флорида е уапсена на аеродром откако наводно ги оставила своите деца сами дома со денови додека патувала за Лас Вегас.Ирена Милер, 50, беше приведена од заменик-шерифската канцеларија на округот Осеола веднаш штом излезе од авион на меѓународниот аеродром Орландо во петокот. Снимките од камерата на телото покажуваат како полицајците се приближуваат кон Милер, која носела кафеав деловен костум и шал, на мостот за заминување, а потоа ја шетаат низ аеродромот до полициското возило што чека, објавува „Дејли меил“. Потоа таа била однесена во канцеларијата на шерифот, каде што била обвинета за четири обвиненија за занемарување на дете без да предизвика сериозни телесни повреди и е приведена во затворот во округот Оринџ. Полицајците изјавија дека истрагата за наводното занемарување на дете од страна на Милер започнала откако добиле телефонски повик кратко по 20:30 часот во среда. Во повикот, малолетник пријавил дека неговиот деветгодишен брат бил удрен од тег што му паднала на главата во нивниот стан на булеварот Парквеј во Кисими. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле четири деца, на возраст од девет, 11, 12 и 14 години, без надзор. Деветгодишното момче било однесено во болница со брза помош и противпожарна служба поради повредите. Подоцна бил пуштен од болница. Во меѓувреме, полицајците успеале да ја контактираат Милер по телефон, која наводно им рекла дека работи во Лас Вегас и планира да се врати дома во петок. Mom arrested for leaving four children home alone during days-long work trip across the country https://t.co/2NVJqCz85O https://t.co/oL3qA7htqO — New York Post (@nypost) October 27, 2026 Истражителите подоцна дознале дека Милер отпатувала во Лас Вегас на 18 октомври, пет дена пред нејзиното закажано враќање дома. Според нејзините објави на социјалните мрежи, Милер, професионална фотографка, изгледа работела со клиент поврзан со франшизата „Better Homes and Gardens Real Estate“. Таа наводно им рекла на заменик-шерифите дека има дадилка која патува од Тампа секое утро за да ги подготви децата за училиште и дека дадилката ќе ги проверува попладне, но дека не ѝ треба дадилката да преноќи. По разговорот со децата, заменик-шерифите го контактирале таткото на децата, кој ги вратил сите четири деца во својот дом. Кога Милер слета на меѓународниот аеродром во Орландо во петокот, заменик-шерифите ја чекаа и ја уапсија на местото на настанот. „Канцеларијата на шерифот на округот Осеола нема да толерира занемарување на деца“, рече шерифот Крис Блекмон во соопштението. „Овие случаи ќе бидат истражени и ќе бидат поднесени обвиненија против родителите кои не ги надгледуваат или не се грижат правилно за своите деца.“ Не е јасно дали мајката-монструм ангажирала адвокат да зборува во нејзино име.Тагови: Лас Вегас мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОдмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немиритеСпоред предложениот закон, кој треба да го усвои Националното собрание, од демонстрантите може да се бара да платат до 10.000 евра за штетата предизвикана за време на демонстрациите.Францускиот Сенат усвои нацрт-закон со кој демонстрантите ќе бидат финансиски одговорни за штетата предизвикана за време на демонстрациите. Сенатот ја усвои проширената верзија на законот со 229 гласа „за“ и 105 „против“. Предлогот беше поддржан од сојузот на десниот центар, кој има мнозинство во Сенатот, пренесува Euronews. Предлог-законот сега оди во политички поделеното Национално собрание, каде што ќе биде разгледан и ставен на гласање. Законот беше предложен откако избија големи немири откако Пари Сен Жермен го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во мај. Предлогот оттогаш доби ново значење откако протестите поради нееднаквоста и зголемените цени станаа насилни на 17 октомври, при што илјадници бизниси беа оштетени или ограбени. Говорејќи пред парламентот, министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез ја истакна „итноста“ да се одговори на штетата и сцените на хаос забележани на 17 октомври. „Не можеме повеќе да дозволиме огромното мнозинство наши сограѓани да плаќаат за постапките на малцинство вандали“, рече тој. French Senate backs bill making protesters pay up to €10,000 for unrest damage https://t.co/rwNN99SipE — Arnaud Mercier - #Entrepreneur #Versailles (@arnaudmercier) October 28, 2026 Критичарите предупредуваат на финансиски последици за ранливите семејства Критичарите предупредуваат дека дури и лицата кои лично не направиле штета може да бидат прогласени за финансиски одговорни доколку се утврди дека свесно учествувале во група формирана за да изврши вандализам. Предлог-законот, исто така, ќе дозволи да се повлечат социјални и станбени бенефиции за покривање на штетите, што наиде на критики од левичарските пратеници и групите за човекови права. Амнести интернешнал предупреди дека овие мерки може да ги турнат „веќе маргинализираните семејства дополнително во сиромаштија“. Ова не е првпат европска влада да спроведува построги безбедносни мерки како одговор на насилните протести. Во Италија, со нов безбедносен декрет се воведуваат построги казни за насилните протести, вклучително и затворски казни од четири до 12 години за организирање групи вклучени во насилни демонстрации. Тагови: демонстранти Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБогати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)Тројца браќа се осудени на по 30 години затвор затоа што со децении дрогирале и силувале десетици жени. Тал Александар (40) и близнаците Орен и Алон Александар (39) беа прогласени за виновни во март. Судот утврди дека го користеле своето богатство и општествен статус за да ги намамат жените на забави и луксузни домови, каде што потоа сексуално ги напаѓале, пишува Би-Би-Си. Изјави на жртвите на суд Пред да ја изрече пресудата, судијката Валери Капрони им рече на браќата: „Вашето однесување беше монструозно. Вашите злосторства им ги уништија животите“. За време на сослушувањето во вторник наутро во судот во Њујорк, беа сослушани 12 жртви, вклучувајќи ја и една која не сведочеше на самото судење. Една по една, жените ја опишаа психолошката траума што ја претрпеле по силувањето. Тие рекоа дека се надеваат дека срамот што го чувствувале сега ќе се пренесе на обвинетите. Многумина побараа од судијата да изрече максимална казна доживотен затвор за секој брат. Маја Милер му рече на судот дека откако Тал Александар ја силувал во 2014 година, таа го изгубила секое чувство на сигурност. „Во себе носам тивок погреб за личноста во која можев да станам ако ова никогаш не ми се случеше“, рече таа. Друга жртва, под псевдонимот Иса Брукс, рече дека ја изгубила способноста да верува во себе откако Тал и Алон Александар ја силувале кога имала 16 години. „Немав поим во каква опасност сум сè додека не било предоцна“, сведочеше таа. Друга жена откри како Тал Александар ѝ се заканувал кога планирала да го пријави силувањето, велејќи дека знаел каде работи нејзината сестра. Ставови на обвинителството и одбраната Обвинителката Елизабет Еспиноза тврдеше дека браќата заслужуваат максимална казна бидејќи фактите „сликаат навистина разорна слика“. Таа нагласи дека со текот на годините ги усовршиле методите со кои ги намамувале жените со ветувања за луксуз и дека останале „целосно рамнодушни кон страдањето што го оставиле зад себе“. За време на сведочењето на жртвите, тројцата браќа покажале малку емоции. Тие гледале напред или се консултирале со адвокати. Нивните адвокати на одбраната објасниле дека им било советувано да не ги гледаат жртвите за да не бидат погрешно протолкувани. Адвокатите побараа казни од 15 години и рекоа дека нивните клиенти станале посветени татковци чии семејства ќе страдаат во нивно отсуство. Сите тројца се обратија пред судот, инсистирајќи на својата невиност. „Нашето мото беше „работете напорно, забавувајте се повеќе“, рече Тал Александар, додавајќи дека сега сфаќа дека неговото однесување „ги повредува чувствата на другите“. Сепак, нивните изјави не ја убедија судијката Капрони. Таа се спротивстави на нив бидејќи одбиваат да ги признаат злосторствата. „Како можете да рехабилитирате некого кој никогаш не ја признал грешката што ја направил?“, праша таа. Пресуда и детали за злосторството На крајот од рочиштето, судијката ги осуди браќата на по 30 години затвор за одредени злосторства. Таа, исто така, ги осуди на дополнителни казни од 20 години затвор за други злосторства, но појасни дека овие казни ќе бидат издржувани истовремено. За време на петнеделното судење, сведочеа 11 жени, од кои некои биле малолетни девојчиња во времето на нападот. Тие опишаа како нивните браќа им давале подароци и ги носеле на патувања во Аспен и Бахамите. Таму, според изјавите, биле дрогирани, а потоа силувани. Обвинителите тврдеа дека моделот на насилно однесување започнал во средно училиште, иако судењето опфаќало кривични дела извршени од 2008 година. Според обвинителството, браќата ставале дрога во пијалоците на жените, „физички ги ограничувале и ги држеле за време на силувањето и ги игнорирале вресоците и експлицитните молби да престанат“. Кои се браќата Александар Одбраната на браќата за време на судењето тврдеше дека сексот бил консензуален и дека тие биле женкари, но не и насилници. Двајца браќа, Тал и Орен, се збогатиле продавајќи луксузни недвижности во Њујорк и Мајами. Тие работеле за американската компанија за недвижности Даглас Елиман, а меѓу нивните клиенти биле Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Канје Вест. Во 2022 година, тие ја основале својата компанија, Official, со седиште во Њујорк. Алон Александар работел во семејната компанија за обезбедување Кент Секјурити. Додека судијата ги изрекувал нивните казни, браќата гледале право напред.Тагови: браќата девојчиња Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00