Како да се заштитат жителите на Аеродром , невладини апелираат на итна реакција на Вардариште - Канал 5

Како да се заштитат жителите на Аеродром , невладини апелираат на итна реакција на Вардариште

Сите институции се прогласуваат за ненадлежни во однос на дивата депонија „Вардариште“ откако по пожарот граѓаните на Аеродром и Лисиче веќе неколку дена велат дека се гушат, а и лекарите алармираа дека скопјани вдишуваат канцерогени честички.

Како да се заштитат жителите на Аеродром , невладини апелираат на итна реакција на Вардариште

Од Министерството за животна средина тврдат дека на Вардариште има инспекции, ама што утврдуваат никој не кажува. Оттаму велат дека општински и државни инспектори и вчера биле терен. Сепак, сметаат дека решението за Вардариште не е кај нив, туку до него треба заеднички да дојдат Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром.

„Вчера, по барање на полицијата, беше извршен вонреден инспекциски увид на поранешната комунална депонија Вардариште. Надлежноста за оваа локација е на Град Скопје, преку Секторот – Инспекторат, во соработка со Општина Гази Баба и општинската инспекција. На увидот присуствуваа и двајца државни инспектори за животна средина од Државниот инспекторат за животна средина. “

Од Град Скопје пак, сметаат дека општина Гази баба е надлежна за најголемиот дел на кој се простира дивата депонија, а тоа што е под нив одамна го исчистиле. И од Комунална хириена за Канал 5 велат дека веќе три години немаат никаква поврзаност со депонијата.

„На Вардариште за првпат по 60 години во целост го исчистивме делот на старата градска депонија Вардариште и на таа локација повеќе не се генерира отпад. Комунална хигиена Скопје нема никаква надлежност врз земјиштето на посочената локација, ниту пак сознанија околу можните прекршители на Законот за јавна чистота.“

Ама и од општина Гази баба се прогласуваат за ненадлежни. Тие топката ја префрлаат назад до Град Скопје, и велат дека иако спроведуваат инспекции, немаат право да го заградуваат просторот.

„Општина Гази Баба НЕМА надлежност на ниту еден метар квадратен површина на која се наоѓа депонијата Вардариште, надлежноста е во Градот Скопје кој осум години не превзема ниту еден чекор кон реализација на физибилити студијата која е направена во градот за посебен третман на оваа депонија. Има план на тоа место да се постават камери, но општината нема надлежност да го заградува просторот.“

И од општината Аеродром кажаа дека немаат механизам за реакција, но поднеле кривична пријава до Обвинителството.

Додека надлежните си ја префрлаат „надлежноста“ од невладината иницијатива 02 велат дека итно мора да се заштити населението, веднаш да се загради просторот на дивата депонија и да се постават камери, а да има и чувари.

„Тука не може да се изземе ниту една институција. Дури и највисоките, Владата, Министерството за животна средина, Град Скопје, општина Гази баба. Сите треба заедно тоа да го решат, бидејќи овде не се работи за средување на некоја фина работа, туку нешто што им ги убива граѓаните. Апсолутно сметам дека првиот чекор треба општина Гази баба да преземе, но никој не исклучен, не можеме да кажеме дека е некој ненадлежен. Веднаш треба да се оргади мора, со камери, чувари...“

Дивата депонија Вардариште е стара рак рана на градот, а со децении останува нерешен проблем. Од 2014 наваму, особено пред локални избори политичарите и кандидатите ветуваат решенија кои засега остануваат само празно слово на хартија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер