Како да се спречи изливот на бес кај децата - Канал 5

Како да се спречи изливот на бес кај децата

Седум чекори за да избегнете непријатни ситуации! 

Како да се спречи изливот на бес кај децата

Тантрумите најчесто се случуваат помеѓу првата и четвртата година бидејќи децата сè уште не успеваат да се справат со своите емоции.

Детскиот бес (тантрум) е емоционален излив на гнев или фрустрација што се јавува кај деца обично на возраст од една до четири години. Овие испади можат да бидат многу интензивни и често се придружени со плачење, врескање, фрлање предмети и театралност.

За родителите е особено непријатно кога детето ќе направи ваква сцена на јавно место, најчесто во продавница, бидејќи не го добило тоа што го сака. Справувањето со детскиот бес може да биде предизвик за родителите, но постојат неколку чекори што можете да ги преземете за да му помогнете на вашето дете да се смири.

Зошто децата имаат изливи на бес?

Постојат неколку причини зошто децата може да имаат изливи на бес. Една од причините за ваквото однесување е нивната неспособност да ги изразат емоциите и фрустрациите. Освен тоа, децата на оваа возраст сè уште не развиле целосна контрола врз емоциите и импулсите, што може да доведе до изливи на гнев. Исто така, промените во рутината, заморот, гладот ​​или преоптоварувањето може да придонесат за појава на тантруми кај децата.

Психологот Алиса Пресман предлага седум чекори кои родителите можат да ги применат во такви ситуации.

1. Дишете

Првиот чекор е да земете длабок здив низ носот и да издишете. Ова може да им помогне и на родителите и на децата да се смират и да се фокусираат на моментот.

2. Прифатете

Важно е да ги препознаете сопствените емоции и да размислите за причините за фрустрација кај детето. Идентификувањето на сопствените емоции може да му помогне на родителот да се фокусира на обезбедувањето поддршка на детето.

3. Опуштете се

Наместо да размислувате за минатото или иднината, важно е да се опуштите и да се фокусирате на сегашниот момент за да го поддржите детето.

4. Проценете

Откако ќе се опуштите, проценете ја вашата ментална состојба и состојбата на детето. Важно е да ги препознаете емоциите и потребите на најмалите.

5. Набљудувајте

Набљудувањето на реакцијата на вашето тело и телото на вашето дете може да му помогне на родителот да разбере како се чувствува детето и како да реагира.

6. Поврзете се

Клучно е признавањето на чувствата на детето. Важно е да му покажете на детето дека го гледате и дека неговите емоции ви се важни.

7. Вклучете се

Откако ќе го смирите умот, можете да одлучите како ќе реагирате. Важно е да му помогнете на детето да се смири, но и да поставите јасни граници во однесувањето.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

Бугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија.

-Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија.

Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни.

-Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија.

Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето.

„Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“.

Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти.

Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат.

Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано.

Група Урбани Уметнички Акции

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер