Како да се надминат слабостите на системот и да се превенираат случаите на фемицид? - Канал 5

Како да се надминат слабостите на системот и да се превенираат случаите на фемицид?

Ниските казни, лесните мерки на претпазливост и недоволното внимание на институциите – се главните причини кои доведоа до последниот случај на фемицид во Велес. 

Како да се надминат слабостите на системот и да се превенираат случаите на фемицид?

Ниските казни, лесните мерки на претпазливост и недоволното внимание на институциите – се главните причини кои доведоа до последниот случај на фемицид во Велес, смета адвокатката Катерина Котеска Стисниовска. Вели дека и покрај досегашните сознанија од институциите дека се постапувало по пријавите на убиената Росица Коцева, прашање е како постапиле и дали биле ефикасни мерките со оглед дека поранешниот партнер, 39 годишниот Илија Стефановски од Скопје, повеќепати бил детектиран како сторител на семејно насилство.

„Секогаш треба да ни е аларм кога и втор пат ќе има пријави, кога уште еднаш ќе се повтори, бидејќи самото тоа индицира и дава до знаење дека нешто не е во ред и дека треба да се преземат поголеми претпазливи мерки, посилни. А исто така и при определување на казната при казнувањето не треба секогаш да се дава условната осуда како казна, туку апсолутно казната да биде прилагодена спрема сторителот.“

Росица беше убиена шест дена откако Илија бил условно осуден за насилство врз неа. Со пресудата биле укинати другите мерки на претпазливост освен забраната за приближување кон неа, но обвинителството, како што информираа, само што ја добиле одлуката и немале можност евентуално да поднесат жалба. Обвиниетлството не било известено ниту дека мерките не се почитуваат. Адвокатката Котеска прашува зошто не се реагирало и кога мерките биле прекршени.

Она што претставува пропуст е кога не се обрнува внимание на нешто што се повторува. Ако се повторувало требало со засилени мерки на претпазливост да се пристапи кон тој случај. Излезе во јавност дека дури и мерките кои биле изречени за семејно насилство биле прекршени. Тука се поставува прашање зошто не се презело нешто кога и самото прекршување на мерките претставува кривично дело.

Дали има пропусти кај МВР, ќе утврдува внатрешна контрола, најави министерот за внатрешни Панче Тошковски во ТВ интервју, псочувајќи дека за мерките е надлежно обвинителството.

„Јас не велам дали имало или немало вина во рамките на постапувањето на Министерството за внатрешни работи, има внатрешна конторола, ќе покаже истрагата, но се знае во оваа држава кој изрекува мерка притвор и кој бара мерка притвор.“

31 годишната Росица Коцева и нејзиниот татко, 68 годишниот Киро Коцев, беа убиени во понеделникот. Откако го извршил убиството нејзиниот поранешен партнер, 39 годишниот Илија Стефановски потоа си го одзел животот. Случајот ја вознемири јавноста и предизвика реакции по сознанијата дека Росица и претходно го пријавувала за насилство и закани по нејзиниот живот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер