3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
ЖивотКако да препознаете дали вашиот пријател е заљубен во васПријателството е сложен однос, а границата меѓу платонската и романтичната љубов понекогаш е тенкаПријателството е сложен однос, а границата меѓу платонската и романтичната љубов понекогаш е толку тенка што лесно може да се премине, а притоа и да не го забележите тоа. Но, како да знаете дали чувствата се обострани и дали вашето пријателство прераснува во нешто повеќе? Овој премин често е суптилен, проследен со измешани сигнали и неизречени очекувања. Ако не обрнете внимание навреме, може да се најдете во непријатна ситуација, не знаејќи како да реагирате. Промена во приоритетите и комуникацијата Еден од најочигледните знаци е промената во начинот на кој го поминувате времето. Тоа што станувате нечиј приоритет – наместо една од многуте опции – е јасен показател. Таа личност сака да поминува што е можно повеќе време со вас, а понекогаш дури и ги откажува другите планови или го прекројува својот ден само за да ве види. Иако претходно можеби сте се дружеле во поголеми групи, сега сè повеќе претпочита средби „еден на еден“. Ако сте во контакт или се гледате речиси секојдневно, голема е веројатноста дека станува збор за нешто повеќе од обично пријателство. Знаци на љубомора Обрнете внимание на тоа како се чувствувате двајцата кога разговарате за вашиот љубовен живот. Ако чувствувате непријатност или вознемиреност додека пријателот зборува за некој друг – или обратно – тоа е знак дека вашиот однос надминува обично пријателство. На крајот на краиштата, зошто инаку би ви пречеле таквите разговори? Друг показател е кога тие почнуваат да ги омаловажуваат или да зборуваат негативно за луѓето за кои сте заинтересирани. Ова може да биде потсвесен обид да се намали вашиот интерес за некој друг. Блага, здрава доза на заштитнички став и трошка тага кога спомнувате личност што ви се допаѓа, исто така се знаци на љубомора која ги надминува пријателските рамки. Говорот на телото не лаже Невербалните сигнали често откриваат повеќе од зборовите, забележува *The Modest Man*. Ако забележите дека одеднаш сте станале срамежливи во нивно присуство, гледате надолу или пелтечите, тоа може да значи дека сте развиле подлабоки чувства. Истото важи и ако другата личност се однесува понеспретно од вообичаено. Зголемената потреба за физички контакт – како што се „случајни“ допири, подолги прегратки или седење необично блиску – често ја крие желбата за блискост. Обрнете внимание на реакциите: ако личноста се тргне, се насмевне, поцрвенее или се збуни, веројатно чувствува исто. Дури и имитирањето на вашите гестови или тонот на гласот е потсвесен знак за интерес. Понатаму, ако двајцата почнете да посветувате повеќе внимание на изгледот пред да се видите – додека претходно сте се гледале во најобична, секојдневна облека – ситуацијата е прилично јасна. „Испитување на теренот“ преку шега и флерт Пријателите кои немаат романтични чувства еден кон друг ретко фантазираат за тоа како би било да бидат во врска. Сепак, ако таквите шеги, задевања и лесен флерт редовно се појавуваат во вашата комуникација, речиси е сигурно дека односот не е само платонски. Ова често се начини да се „испита теренот“ и да се процени вашата реакција. Може дури и директно да ве прашаат што мислите за нив или како се чувствувате во врска со времето што го поминувате заедно. На вас останува дали ќе ги препознаете овие сигнали или ќе ги игнорирате, но тие веќе ги пренеле чувствата на овој начин. Длабока емотивна поврзаност Кога некој сака нешто повеќе од обично пријателство, почнува да гради подлабока емотивна врска. Ќе ви се отвори за своите најголеми стравови и соништа, споделувајќи ги ранливите страни на својата личност. Со тоа, гради доверба и се надева дека и вие ќе возвратите на ист начин. Исто така, ќе почне да ги памети и најситните детали за вас – од вашиот омилен вкус на сладолед до важните датуми. Ќе ви бара мислење и совет за значајни животни одлуки, покажувајќи дека ја цени вашата проценка. Ќе почне да ве вклучува во своите идни планови, користејќи „ние“ наместо „јас“, и ќе ве запознае со својот најблизок круг луѓе – семејството и пријателите. Активност на социјалните мрежи Во дигиталната ера, трагите често се оставаат и онлајн. Ако забележите дека постојано ги „лајкува“ вашите стари фотографии, редовно ги коментира вашите објави и ве означува во содржини што би можеле да ве интересираат, тоа е знак дека постојано сте му во мислите. Зголемениот ангажман на социјалните мрежи е современ начин за покажување интерес што ги надминува рамките на пријателство. Кога некој ќе развие романтични чувства кон вас, неговото однесување неизбежно се менува. Ќе бара изговори да остане во контакт со вас, ќе ви посветува повеќе внимание, а неговата енергија ќе испраќа јасна порака. Ако ги препознаете овие знаци, голема е веројатноста дека таа личност не ве гледа само како пријател, туку како некој со кого би можела да дели иднина. Извор: www.index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter