3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотКако да препознаете бездушна личност? Седум фрази кои го откриваат социопатотЕмпатијата е способност да ги разбереме туѓите чувства и да сочувствуваме со другите. Нејзината спротивност е емоционалното студенило, рамнодушноста и отсуството на сочувство Заида Слабекорн, сертифициран експерт за меѓучовечки односи за списанието YourTango, наведува дека таквите „студени“ луѓе обично лесно се препознаваат. Сепак, понекогаш тие можат да ја сокријат својата вистинска природа. Во такви случаи, треба да обрнете внимание на навидум безопасните фрази што ги користат во секојдневната комуникација. „Ќе преживееш“ Наместо да дадат поддршка некому кој минува низ емотивно тежок период, овие луѓе го минимизираат. Со ова порачуваат дека ситуацијата не е вредна за вознемирување и со тоа ги потценуваат туѓите чувства. „Тоа не е мој проблем“ Избегнувањето на туѓите грижи е типично за лицата кои немаат развиено емпатија. Тие ретко нудат помош ако од тоа немаат лична корист бидејќи туѓите маки едноставно не ги допираат. „Размислувам логично“ Логиката е вредна во решавањето проблеми, но емоционално дистанцираните луѓе често ја користат како штит. Со повикување на „чиста логика“, тие избегнуваат емоционално вклучување и ги игнорираат чувствата на другите. Да бидат во право им е поважно отколку да ја разберат другата личност. „Нивна работа.“ Недостатокот на емоционална интелигенција често се огледува во односот пред луѓе кои вршат услужни дејности. Ладните личности кон келнерите, продавачите или чистачите се однесуваат како да се таму само за да служат, без минимум човечка топлина или внимание. „Ништо не ти должам.“ Оваа реченица открива изразен егоизам. Луѓето кои ја изговараат, ги ставаат личните интереси пред припадноста кон заедницата или одржувањето здрави односи со другите. „Ти си избра така.“ Наместо да дадат поддршка во тешки времиња, емоционално оддалечените луѓе имаат тенденција да ја префрлаат вината врз другите. Во ситуации кои бараат разбирање, тие ги посочуваат грешките и лошите одлуки на другите луѓе. „Не сфаќај ме лично, но...“ Оваа фраза често претходи на навреда или остра критика. Луѓето на кои им недостасува емпатија честопати нанесуваат емоционална болка, правдувајќи го сето тоа со „искреноста“. Изјавите како „Не го сфаќај ова лично, но грешиш“ или „Без навреда, но ти си виновен/а“ служат како обид да се префрли одговорноста за повредените чувства врз другата личност. Емоционалната студенило не мора секогаш да биде отворено непријателско - понекогаш може да се скрие зад рационалност, дистанца или изглед на искреност. Затоа е важно да се препознаат комуникациските обрасци што укажуваат на недостаток на емпатија и да се заштитат сопствените граници во односите со таквите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаРистовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливањеПо повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат. „По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски. Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата. „Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски. Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти. Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање. „Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски. Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во ТиранаНасилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХристијан Мицкоски во „Само Интервју“Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан МицкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59