Како да направите орхидеите да цветаат и да изгледаат луксузно - Канал 5

Како да направите орхидеите да цветаат и да изгледаат луксузно

Еве како правилно да ги „храните“ и одржувате

Како да направите орхидеите да цветаат и да изгледаат луксузно

Тие често изгледаат комплицирано и нежно, но со разбирање на нивните основни потреби, грижата за нив може да биде едноставна.

Иако на многумина орхидеите им ‘задаваат главоболка’, бидејќи ги бие глас дека се комплицирано и осетливо цвеќе, вистината всушност е многу поедноставна – една од клучните и често погрешно сфатени елементи во грижата за нив е ѓубрењето.

За разлика од класичните собни билки, орхидеите имаат специфичен начин на раст и апсорпција на хранливите материи. Тие не бараат обилна прихрана, но без редовно дополнување на хранливите елементи, со тек на време слабеат, престануваат да растат и ја губат способноста за цветање. Токму затоа правилно дозираното и редовно ѓубрење, прави огромна разлика помеѓу орхидејата што едвај опстанува и онаа која со години изгледа здраво и раскошно.

Ако ви се чини дека неделното ѓубрење е комплицирано или се плашите да не претерате, добра алтернатива е ѓубрењето еднаш месечно со ѓубриво растворливо во вода, но во целосна концентрација. Сепак, важно е да знаете кога да го прескокнете ѓубрењето.

За време на зимата, кога орхидеите мируваат, ѓубрењето треба значително да се намали, но никако целосно да се укине. Исто така, не се препорачува ѓубрење додека орхидејата цвета, бидејќи тоа може да предизвика прерано паѓање на цветовите и расипување на изгледот на билката.

Како правилно да ги ѓубрите орхидеите?

Секогаш пред ѓубрењето полејте го растението со обична вода.

Користете ѓубриво исклучиво наменето за орхидеи, или користете природни алтернативи.

Вишокот вода треба слободно да излезе од саксијата, за корењата да не се расипат.

Еднаш месечно исперете ја земјата со чиста вода за да го отстраните вишокот сол од претходното ѓубрење.

Исто така, многу љубители на цвеќе се прашуваат дали орхидеите треба воопшто да се пресадуваат и како да го направат тоа. Пресадувањето обично се препорачува на две до три години, или кога ќе забележите дека супстратот е премногу збиен и не им овозможува на корењата да дишат.

При пресадувањето, клучен е изборот на вистинска саксија и соодветен супстрат (земја) наменета само за орхидеи. Супстратот мора да овозможува добра дренажа и доволен проток на воздух околу кореновиот систем.

Кога ќе почнете со пресадување, внимателно отстранете ја старата земја и прегледајте ги корењата. Гнилите и оштетени делови од коренот отстранете ги за цвеќето да има здрава и стабилна околина за раст. Пресадувањето на цвеќето не е само естетски чекор, туку овозможува свеж супстрат, го поттикнува растот и цветањето, а исто така помага во превенцијата на болести и проблеми со корењата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер