Како да направите идеална фризура во домашни услови што нема да ве чини ни денар! (видео) - Канал 5

Како да направите идеална фризура во домашни услови што нема да ве чини ни денар! (видео)

Уште денеска пробајте ја оваа техника.

Како да направите идеална фризура во домашни услови што нема да ве чини ни денар! (видео)

Кадравата коса е нешто што им се допаѓа на повеќето девојки, особено оние кои имаат права коса. За да го добијат посакуваниот изглед, дамите често трошат пари на разни производи или уреди за виткање на коса. Неретко, посакуваниот ефект изостанува.

Виткањето коса со помош на пена, виклери, преси, фигаро, па дури и пиво е нешто што многу девојки ширум светот го пробале. Сепак, на социјалната мрежа Tикток се појави нов совет што нема да ве чини ни денар. Тиктокерката која се претставува како Сара Садија објавува видеа со упатства за разни фризури. Ова видео, каде таа покажува како да ја навиткате косата во само неколку потези достигна голема популарност.

Треба да најдете парче ткаенина во вашиот дом, по можност памучна марама или крпа подолга од вашата коса.

Овој метод се покажа како поефективен од вообичаениот метод, правење плетенки. Прво земете долга марама и замотајте ја со рацете во ролна за потоа да ја исплетете косата со неа. Така замотаната марама поделете ја пола за да добиете два краја околу кои ќе ја завиткате косата. Наизменично виткајте ја косата околу ткаенината. Оставете ја преку ноќ и нанесете малку лак за коса. Утрото расплетете ја косата и расчешлајте ја со прсти.

Исто така, оваа девојка советува уште еден начин за правење поголеми локни, за дамите кои имаат погуста коса. Станува збор за сунѓересто стапче завиткано во ткаенина. Во некои земји можете да го купите, но лесно можете да го направите и сами дома.

Еве како да направите бујни локни со него.

@sarasaadia Wish I had a silk scarf for this but this’ll do 💁‍♀️ ib:@Alyse Carolyn #hairhacks #hairtipsandtricks #hairhacks101 #heatlesswaves #scarfcurls #overnighthairstyles #heatlesshacks ♬ escapism sped up by raye - ⭐️sped up audios⭐️

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер