Како да им се помогне на самохраните родители - Канал 5

Како да им се помогне на самохраните родители

Здружение „Доверба Куманово“ организираше работилница на тема „Психосоцијална рехабилитација на самохрани родители на ниво на личен развој, личен идентитет, припадност на општествени групи, лидерство“ во населбата Карпош.

Како да им се помогне на самохраните родители
Проектот е наменет за самохрани родители од Куманово, а е во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, Агенција за вработување и општинската организација „Црвен крст“, а финансиски е поддржан од Владата на Република Македонија.

34-годишната Христина Симоновска е самохран родител на едно дете. Тешко е, вели таа, најголем проблем ми беше да го пребродам разводот и да најдам работа. Симоновска со уште дваесетина самохрани мајки од сите етнички заедници од Куманово ја посетија работилницата за „Психосоцијална рехабилитација на самохрани родители на ниво на личен развој, личен идентитет, припадност на општествени групи, лидерство“, која ја организираше Здружението „Доверба Куманово“ во соработка со Центарот за социјални работи и Агенција за вработување Куманово и општинската организација „Црвен крст“.

- Трибината е многу добро направена. Овие семинари ни помагаат за зајакнување најнапред на нас, нашата психа, не прават многу посилни, ни помагаат со тоа што ни отвораат нови видици, нови работни места и начини како да дојдеме до тие работни места. Се наоѓаш меѓу луѓе кои ги имаат истите проблеми, минале низ исто и е многу порелаксирано, изјави Христина Симоновска, самохран родител.
Инаку и 48-годишната Весна Јанкова е самохран родител на две деца. Со учеството на работилницата таа вели дека ја зајакнала самодовербата и се надева дека ќе го реши најголемиот проблем со кој се соочува, вработувањето и финансиите.

- Одлични се искуствата. Се сретнав со жени со слични проблеми кои најповеќе би сакала да ми помогне оваа трибина за вработување, изјави Весна Јанкова.

Според предавачот и професорката на Филозофскиот факултет во Скопје, Сунчица Димитријоска целта на оваа работилница е да ги согледаат проблемите со кои се соочуваат самохраните родители. Воедно да се согледаат можностите за надминување на истите, поддршка за остварување на правата и интересите за подобро одгледување на децата и интеграција во заедницата.

- Основните пречки кои ги имаат родителите се слабата информираност во однос на правата коишто можат да ги остварат, слабата поддршка од институциите во однос на одгледување на децата затоа што тие заклучуваат дека институциите имајќи во предвид обврските најголем дел одгледувањето, воспитувањето на децата е функција којашто ја извршуваат сами, изјави Сунчица Димитријоска, предавачот и професорката на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во рамките на овој проект самохраните родители ќе можат еднаш неделно да одржуваат средби со надлежни лица со цел зајакнување на нивната личност и остварување на нивните права, поддршка во процесот на интеграција во општеството. Проектот е финансиски поддржан од Владата на Република Македонија.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер