ЗдравјеКако да го ублажите артритисот во текот на зиматаПет едноставни начини за солободување од болкитеНеактивноста и уживањето за време на студените месеци може да ги влошат симптомите. Студеното време и високата влажност на воздухот во текот на зимата може негативно да влијаат на здравјето на зглобовите, особено кај лицата кои имаат артритис. Стјуарт Мекгин, управен директор на една британска здравствена компанија, за британски Експрес објасни што треба да се прави во текот на студените есенски и зимски денови за да се минимизираат проблемите предизвикани од артритисот. 1. Загрејте се Еден од најдобрите и најлесните начини за ублажување или дури и избегнување на артритичните болки во зима е да се загреете. - Носете ракавици, шалови, џемпери и топли капути доколку сте принудени да излезете. Така најдобро ќе ги заштитите зглобовите и мускулите – советува Мекгин. 2. Внимателно избирајте ја храната Одредена храна може да го зголеми ризикот од болка во текот на зимата. - Треба да избегнувате слатка, преработена и мрсна храна која има ниска хранлива вредност. Во исхраната редоно треба да вклучите риба, јаткасти плодови, овошје и зеленчук. Хранливите оброци можат позитивно да влијаат на намалувањето на воспалението, вели Мекгин. 3. Витамин Д Слушнавме многу за овој витамин за време на пандемијата со корона вирусот. Експертите го препорачуваат како добра заштита, било да го создавате преку сончањето или да го внесувате преку суплементи. А кога станува збор за луѓето кои страдаат од артритис, Мекгин верува дека витаминот Д може да биде од значителна корист. - Во текот на зимата сме изложени на помало количество на сончева светлина, што го намалува нивото на витаминот Д3 во нашиот организам. Пациентите со артритис обично чувствуваат поголема болка кога нивото на витамин Д им се намалува. Внесувајте го овој витамин преку исхраната или со помош на додатоци. Јадете сардина, лосос или збогатени житарки, препорачува Мекгин. 4. Избегнувајте стресни ситуации Стресот не е добар ниту за здравите луѓе, а особено не за оние кои страдаат од артритис. Мекгин советува колку што е можно да избегнувате стресни ситуации за да го поштедите вашето тело. Неговата препорака е и да поминувате повеќе време со луѓе кои ви се пријатни и што повеќе да си угодувате себеси. 5. Останете активни Иако многу луѓе во текот на зимата се излежуваат, сепак физичката активност е од голема корист за сите, па и за лицата со артритис. Вежбањето не само што го зголемува нивото на енергијата и го подобрува расположението, туку ја зголемува издржливоста на мускулите и нивната подвижност, што може да ги ублажи болните симптоми на артритис. Се препорачува заболените од артритис да бидат физички активни најмалку 150 минути неделно, дури и во текот на зимата. Брзо одење, јога, пливање, како и вежби со ластици може да бидат дел од активностите што ќе ги извршувате во текот на зимата доколку имате болки во зглобовите поради артритис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter