Како да го држите под контрола крвниот притисок? - Канал 5

Како да го држите под контрола крвниот притисок?

 Стресот, загадениот воздух, предолгото седење се главни ризици за појавата хипертензија!

Како да го држите под контрола крвниот притисок?

Половина од средовечните луѓе имаат висок крвен притисок, иако многумина често не се свесни за тоа. Затоа не е ни чудо што оваа медицинска состојба е позната и како „тивок убиец“. Ако хипертензијата не се лечи, се зголемува ризикот од потенцијално фатални срцеви и мозочни удари. Исто така, може да предизвика и сериозно оштетување на бубрезите. Како што објаснуваат експертите, високиот крвен притисок врши дополнителен притисок врз срцето. По извршените лекарски прегледи и анализи, состојбата може да се држи под контрола со лекови. Како што нагласуваат лекарите, неопходно е да се променат животните навики.

Група лекари за хипертензија од 18 различни земји во светот составија листа на едноставни начини за намалување на крвниот притисок, а за нив пишуваше британски Сан.

- Сите треба да најдеме половина час дневно за себе и едноставно да се опуштиме. Тоа може да биде слушање музика, шетање, вежбање – истакнале експертите кои учествувале во истражувањето.

Еве како најлесно да го намалите крвниот притисок според советите на лекарите:

1. Намалете го нивото на стрес

Стресот сам по себе нема да предизвика срцеви заболувања и проблеми со циркулацијата. Меѓутоа, тој е тесно поврзан со нездравите навики како што се консумирањето алкохол, пушењето, недостатокот на сон и прејадувањето кои можат да го зголемат ризикот од разни срцеви заболувања. Експертите препорачуваат да се обидете да го намалите нивото на стрес со слушање музика за смирување и медитација.

2. Не излегувајте кога воздухот е загаден

Загадувањето на воздухот е тесно поврзано со зголемениот крвен притисок, дури и кај тинејџерите. Неколку студии покажаа дека нездравиот воздух ги оштетува крвните садови, правејќи ги потесни и потврди. Ова го зголемува крвниот притисок бидејќи срцето побрзо „пумпа“ за правилно да циркулира крвта. Кога нивото на загадување е високо, луѓето треба да избегнуваат паркови и отворени простори, и прометни патишта.

3. Не седете премногу долго

Прекумерното седење го зголемува крвниот притисок од две причини. Прво, седењето подолг временски период може да го забави вашиот метаболизам, поттикнувајќи го зголемувањето на телесната тежина. Дебелината може да ја зголеми отпорноста на крвните садови. Сето ова го отежнува слободниот проток на крвта, што доведува до повисок крвен притисок. Истражувањата исто така покажаа дека кога седите, крвниот притисок е генерално повисок отколку кога стоите. Кога седењето подолго време станува вообичаено, ризикот од хипертензија се зголемува.

Според препораката на стручните лица, за да го држите крвниот притисок под контрола, пијте сок од хибискус, калинка и цвекло. Јадете повеќе храна богата со калиум, како што се бананите. Зголемете го внесот на зеленчук, свежо овошје, риба, јаткасти плодови, незаситени масни киселини, млечни производи со ниска маленост, јадете повеќе билна храна и помалку црвено месо. Исто така, спијте најмалку седум часа во текот на ноќта.

Како што нагласија лекарите, не правете ништо без да се консултирате со вашиот кардиолог. Доколку имате хипертензија, лековите се тие што го држат притисокот под контрола, а горенаведените совети се само дополнителна помош, а не начин на лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ.

Се што кажа СДС за Алта банка е лага.

Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ.

Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка.

Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија.

Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ.

Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ.

Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора.

Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни.

Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка.

Почитувани граѓани,

Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ.

Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност.

Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер