Како да ги отстраните гребаниците од паркетот и мебелот? Овој трик со орев ги изненади сите

Со малку труд може да санирате и поголеми оштетувања на дрвото.

Гребаниците што се појавуваат на паркетот или на дрвениот мебел се иритирачки бидејќи во повеќето случаи не можат да се отстранат или процесот бара многу пари. Сепак, постои еден неверојатно едноставен трик кој менува сè, а клучна состојка е оревот!

Сè започна на социјалните мрежи, кога вирални станаа објавите за ефектите од маслото од орев.

Оревот содржи природни масла кои се совршени за покривање на видливи гребаници. Кога со јатка орев ќе протриете по оштетеното дрво, маслото навлегува во дрвото и помага во обновување на бојата додека истовремено пополнува и помали вдлабнатини.

Еден од корисниците на Тикток објави две видеоснимки во кои го објаснува процесот на отстранување на гребаници.

Примена:

Земете јатка од орев и со неа протријте ја гребаницата. Притиснете доволно, но не премногу, за маслото да се ослободи.

Откако ќе ја третирате гребаницата, оставете го маслото да делува неколку минути. Ова ќе му овозможи на дрвото да го впие маслото.

Последниот чекор е да ја избришете површината со чиста сува крпа, а паркетот или масата ќе бидат како нови.

Сепак, пред да го испробате овој трик, најдобро е да ја тестирате постапката на помалку видливо место.

Исто така, имајте на ум дека оваа постапка дава најдобри резултати на површини од светло дрво.

Дури и да сте скептични, не ве чини ништо да го пробате овој трик, на крајот на краиштата, сè е подобро отколку да потрошите куп пари за стругање и лакирање на паркетот, или за санирање на гребаниците од мебелот.

@locationhouseofbeau Actual mind blown!! 🤯 Did you know about this hack?? Have I been living under a rock all this time?! My little mind was actually blown each time it worked 🤣 I've tried and tested this hack and yes WALNUTS will get rid of scratches in wood 🙌🏻 #besthackever #easyhacks #walnuthack #originalfloor #victorianhome #parquetfloor #neutrallivingroom #shakerkitchen #brickfireplace #homehacks #darklivingroom #lifehacks #originalfeatures ♬ original sound - locationhouseofbeau

Лидерот на сириските бунтовници: Режимот на Ал Асад е „мртов“

Лидерот на сириската бунтовничка алијанса, Абу Мохамед ал-Џулани, изјави дека нивната цел е да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад и да формираат нова влада.

-Режимот што Иранците и Русите се обидоа да го оживеат е мртов, рече Ал-Џулани за Си-Ен-Ен.

Ал-Џулани рече дека планира да воспостави систем на владеење во Сирија заснован на институции, а не систем во кој еден владетел носи, како што рече, произволни одлуки.

Ал-Џулани е водач на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која водеше ненадејна офанзива против силите на Ал Асад минатата недела, што повторно ја разгоре сириската граѓанска војна по години ќор-сокак.

Бунтовничката алијанса оттогаш ја презеде контролата врз Алепо, вториот по големина град во земјата. Покрај повеќе од 200 села и позиции, неодамна ја зазедоа и Хама.

Следна цел е Хомс, кој се наоѓа на околу 40 километри јужно. Тој е трет по големина град во земјата и важен центар на патот кон Дамаск, брегот на Средоземното Море и Либан.

Мицкоски: Работодавачите и работниците треба да се усогласат околу минималната плата

Владата ќе прифати тоа што ќе договорат.

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да се усогласат околу параметрите, меѓу кои е и минималната плата. Владата е во поразлична позиција. Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат, рече денеска премиерот Христија Мицкоски.

Владата, напомена Мицкоски на прес-конференција, е тука да фасилитира, а не да одлучува.

-Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени средства за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и образованоето.

Пред почетокот на седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека остануваат на барањето за минимална плата од најмалку 450 евра, како и за зголемување на платите во јавниот сектор. Трендафилов изрази и очекување дека „останатите социјални партнери“ ќе ги прифатат овие барања.

-Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Согласно буџетските проекции кои ССМ можеше да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, нагласи Трендафилов.

Крива Паланка блесна во новогодишен сјај

Крива Паланка се подготвува за новогодишниот базар што исто така ќе понуди и привлече голем број туристи и посетители во градот.

Крива Паланка блесна во новогодишен сјај со новогодишни елки на двата плоштада, „Карпошово востание" пред зградата на општината и на централниот градски плоштад каде што се поставени и бројни декоративни елементи и форми што ја донесоа предновогодишната магија во „Градот на културата за 2024".

-Крива Паланка блесна, раскошно накитена и украсена, сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани. Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. Украсувањето предновогодишно е како посебен подарок, иако секоја година градот го украсуваме, за да ги радуваме граѓаните во пресрет на празнувањата, но и за сите што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во државата, а годинава и „Град на културата за 2024"., информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Украсени се централната градска улица, влезот и излезот на градот, камнделабрите и останати посебности покрај магистралниот пат А2, Градечки мост и други делови од централното градско подрачје.

Крива Паланка се подготвува за новогодишниот базар што исто така ќе понуди и привлече голем број туристи и посетители во градот.

притисни ентер