Како да ги исфарбате јајца со хибискус: Оваа руска техника го освои светот (видео)

Без вештачки бои.

Фарбањето велигденските јајца е една од најубавите празнични традиции во која уживаат и децата и возрасните. Секоја вредна домаќинка, но и најмалите во домот, по востановената традиција, на Велики четврток ги бојадисуваат велигденските јајца. Има неколку техники, но најважно е првите јајца да се обојат во црвено, а едно јајце да се одвои како чувар на куќата.

Годинава православниот Велигден се слави на 5-ти мај.

Покрај бројните начини на фарбање од користење на креп-хартија, до гелови, бои во кесички, фарбање јајца со кромид, најчесто најомилен е наједноставниот начин. А, оваа руска техника на бојадисување јајца со сушен хибискус ги воодушеви домаќинките ширум светот.

За да ја добиете бојата најдобро, изберете бели јајца. Еве што ви е потребно:

800 мл вода

80 гр чај од хибискус

јајца (број по желба и потреба)

една лажичка сол

Во тенџере ставете сув хибискус, истурете ладна вода и во неа ставете ги јајцата. Кога температурата ќе достигне точка на вриење, варете уште 10 минути. Извадете ги јајцата со лажица и ставете ги на салфетка да се изладат.

Извор: srecna.republika.rs

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

 Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.

Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.

Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет“, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

притисни ентер