Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамКако брзо да го одмаглите автомобилот наутро во зимскиот период: Еве што прво треба да направитеДојде и зимскиот период, вистинската есен е во полн ек, а со тоа речиси секое утро нè пречекува замаглено возило.Се прашувате што прво да направите кога ќе седнете во автомобилот – дали да ја пуштите климата за да дува и да ви ги одмагли стаклата, или да земате крпа и да го избришете стакло? Ако стаклата се многу мокри, најпрво избришете ги со чиста крпа или сунѓер. Ако се замаглени, наместете ја температурата на греењето на максимално ниво, а потоа вклучете ја вентилацијата, исто така на највисоко можна брзина, за да започне да дува топол воздух. Силен проток на воздух има ефект сличен како фен за коса, и многу е важно вентилацијата да биде насочена директно кон шофершајбната. Oслободете се од застоениот воздух Важно е да се знае дека застоениот, веќе постоечки воздух во возилото не помага при одмаглување на стаклата. Ако воздухот надвор е посув од оној во автомобилот, прво отворете ги прозорците за да овозможите размена на воздух. Исто така, важно е редовно да се користи клима-уреѓајот, бидејќи ако тоа не се прави, во кабината се создава „лош воздух“, а самиот клима-уреѓај може да се оштети ако се користи само сезонски. Ако стаклата се многу мокри, најпрво избришете ги со чиста крпа или сунѓер. Чистите стакла помалку се замаглуваат Затоа, ако редовно ја чистите внатрешноста на стаклата со средство за чистење стакло, генерално ќе имате многу помалку проблеми со замаглувањето. Совршено решение за одмаглување е прекидачот за максимален проток на воздух. Поновите автомобили обично имаат едно копче за максимална вентилација, односно максимално греење и климатизација насочени директно кон шофершајбната. Oдржување на клима-уредот Секој климатизациски систем со време губи дел од течноста за ладење – до 15 проценти, поради што не е чудно што по одреден период ја губи својата ефикасност. Затоа треба да се сервисира кај стручњак барем на секои три, а уште подобро на секои две години. Специјалистот ќе ја дополни течноста за ладење, но и ќе го провери системот за клима за можно истекување, пишува Jutarnji.hr. Недостатокот на гас најчесто се забележува при вклучување на компресорот – циркулира, но воздухот што излегува од отворите не е онаков каков што треба да биде. Во сервис можете да проверите дали има истекување и дали треба да се дополни. Извор: Биз порталТагови: автомобил зима магла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист. „Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција. Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина. ❗️Meloni said in an interview with Il Foglio that support for Ukraine is not up for bargaining, even for political or electoral gain. She will not enter a coalition with those who vote against aid to Kyiv and will not change her position “for calculation.” Anyone looking for a… pic.twitter.com/ZEWHBghEqP — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 13, 2026 „Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони. Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа. Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието. Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook