Како брзо да го исчистите замрзнатото ветробранско стакло на автомобилот (видео) - Канал 5

Како брзо да го исчистите замрзнатото ветробранско стакло на автомобилот (видео)

Мразот се собира на ветробранското стакло дури и кога нема снег, доволно е температурите во текот на ноќта да паднат под нулата.

Како брзо да го исчистите замрзнатото ветробранско стакло на автомобилот (видео)

Зимата е време кога наутро возачите имаат проблем со чистењето на замрзнатите стакла на автомобилот. Повеќето возачи користат лопатки односно стругалки за мраз.

@ekwthegamer How to get ice off your windshield the easy way #fyp #fypシ #shocking #mindblown #tiktoktips ♬ Sneaky Snitch - Kevin MacLeod

Изгледа чудно, но...

Експертите за автомобили и автомеханичарите советуваат да избегнувате истурање топла вода врз замрзнатото ветробранско стакло бидејќи тоа може да предизвика пукање на стаклото. Доколку користите гребалки, ризикувате да го изгребете стаклото.

Дури и кога нема снег, доволно е во текот на ноќта температурата да падне под нулата и стаклата да замрзнат.

Меѓутоа, неодамна на социјалните мрежи се појави многу необичен начин за брзо и ефикасно отстранување на мразот од прозорците на автомобилите. Многумина што го пробале, тврдат дека функционира, па не е чудно што ваквите видеа се споделуваат во толкав број.

Како што можете да видите на видеото што го објавил еден од корисниците на мрежата, мажот прво се обидува да го изгребе мразот со кредитна картичка, но тоа не му успева. И потоа се досетува. Се враќа дома и во една обична најлонска кеса полни ладна вода од чешма, ќесата ја затвора за да не истекува, а потоа со таа кеса лесно го отстранува мразот од шофершајбната.

Следеа бројни реакции на неговата објава.

- Само истурам чаша ладна вода и мразот веднаш го снемува.

- Дали некој од вас слушнал за течност за чистење стакло?

- Можете да испрскате алкохол, мразот веднаш паѓа, а стаклата стануваат беспрекорно чисти.

- Луѓе, ова функционира толку добро што повеќе нема да трошам пари на гребалки за мраз.

- Ми изгледаше глупаво, но кога го пробав овој метод, лично се уверив дека навистина функционира – беа дел од коментарите на неговата објава.

Искусните возачи советуваат при паркирањето навечер да го свртите автомобилот кон исток, мразот ќе се стопи при првите сончеви зраци дури и кога е студено. Некои сметаат дека ставањето картон или стара крпа врз шофершајбната во текот на ноќта може да помогне. Во секој случај, на вас останува да изберете што најмногу ви одговара.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата

По 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата – само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

По 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар.

Со новата Уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување. За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите.

Уредбата е донесена согласно член 257 став (1) од новиот Закон за енергетика, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област.

Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што можат да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт.

Особено значајно е што новата регулатива воспоставува еднакви правила за сите учесници на пазарот, со што се намалува просторот за злоупотреби и нелојална конкуренција. На тој начин компаниите што работат согласно законските прописи добиваат пофер и попредвидливо деловно окружување.

Дополнително, примената на повисоки стандарди за квалитет на течните горива ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во животната средина, што претставува важен чекор кон почиста животна средина и поодржлив енергетски сектор.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека донесувањето на новата Уредба претставува уште една значајна реформа со која Министерството воведува современи правила и воспоставува повисоки стандарди во секторот.

„По речиси 19 години ја заменуваме застарената регулатива со нова Уредба која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата што ги користат, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира по јасни и еднакви правила. Ова е воспоставување ред - Така ги штитиме граѓаните, го штитиме чесното стопанство и градиме модерен и доверлив енергетски сектор “, изјави министерката Божиновска.

Со донесувањето на новата Уредба, Министерството продолжува со имплементацијата на новиот Закон за енергетика и постепената замена на застарената регулатива со современи прописи кои обезбедуваат повисоко ниво на заштита на јавниот интерес, поголема правна сигурност и поуреден, поконкурентен и потранспарентен пазар на течни горива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. 

Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели

Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 граѓани кои ги исполнија условите од јавниот повик, со што им е овозможена исплата на еднократна парична помош за набавка на овие енергетски ефикасни производи.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека целта на оваа мерка е да се поттикнат домаќинствата во Општина Илинден да користат современи и високоефикасни системи за затоплување и ладење. Со користењето на инвертер клима уреди и соларни панели се намалува потрошувачката на енергија, се остваруваат финансиски заштеди за домаќинствата и се придонесува кон почиста и поздрава животна средина.

Со мерката се обезбедува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот инвертер клима уред или соларен панел, односно до максимален износ од 10.000 денари по производ.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на креирање и спроведување мерки што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истовремено поттикнувајќи енергетска ефикасност, одржлив развој и заштита на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо доведе нов селектор, а сите очекуваа дека ќе се пензионира?!

Капитенот на Португалија, светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо доведе нов селектор по оставката на Мартинез, иако поголем дел од јавноста очекуваше дека тој ќе се пензионира, но изгледа дека 41 годишниот фудбалер сè уште размислува на така. 

Кристијано Роналдо доведе нов селектор, а сите очекуваа дека ќе се пензионира?!

Новиот селектор на Португалија ќе биде легендарниот Жорж Жезус.

Може да се случи Кристијано Роналдо да не се откаже од португалската репрезентација, особено затоа што неговиот тренер од Ал Наср, Жорж Жезус, ќе биде назначен за нов селектор.

Искусниот 71-годишен стручњак од Португалија им ги украде титулите на Ал Наср и Роналдо во Саудиска Арабија , а потоа кога беше отпуштен, го презеде тимот на Роналдо и му ја донесе титулата.

Иако ги тренираше Брага, Бенфика, Спортинг, Фенербахче, тој рече дека тоа е најголемиот предизвик во неговата кариера.

Откако беше елиминиран од Светското првенство во осминафиналето од Шпанија, поранешниот селектор Роберто Мартинез поднесе оставка, а многумина сметаа дека по повеќе од две децении, 233 натпревари и 146 гола, време е Кристијано да ја заврши својата репрезентативна кариера.

Сепак, на 41 година, се чини дека не се откажува, бидејќи се чини дека е донесен селектор по негов вкус.

Поранешниот просечен фудбалер, Жорж Жезус стана врвен тренер и раководеше со речиси сите важни португалски клубови - од Мадеира, Естрела Амадора, Виторија Сетубал, Виторија Гимараеш, Униао Леирија и Мореиренсе до Брага, Бенфика и Спортинг. Во странство работеше само во Ал Хилал, Ал Наср, Фенербахче, а освен домашни титули го освои и Купот Интертото во 2008 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер