Како божикна приказна- што се случи со десетиците илјади евра најдени во јавни тоалети?

Пролетта 2017 во неколку кафеани и ресторани во Швајцарија биле најдени завиткани и полускинати купчиња банкноти од по 500 евра.Сега конечно е решена мистеријата на радост на новите сопственици. 

По истрагата од речиси една година , судот решил парите да им се вратат на сопствениците , но ако бидат најдени. Швајцарските медиуми сега пренесуваат приказна каде завршиле парите.

Целата приказна почнува во мај 2017 кога вработените во швајцарска банка во тоалетна школка наоѓаат 40 000 евра во банкноти од по 500 евра. Парите ги предале во полиција , а во текот на истрагата на безбедносните камери било откриено како три жени и маж на неколку пати од личниот трезор одат во тоалетот.

Истиот дена вработените во блиската кафеана откриле дека тоалетот им е затнат од банкноти од по 500 евра. Успеале да спасат 8 500 евра. Во соседниот ресторан , пак чистачката и готвачот нашле околу 26 000 евра заглавени во цевките на умивалникот. Еден месец подоцна се затнал и тоалетот во блиската пицерија , од каде вработените извлекле 60 000 евра.

Минатата зима еден Шпанец им признал на полицајците дека парите се во сопственост на семејството на неговата сопруга , на кои им се заканувале во Шпанија , па решиле парите да ги депонираат во Швајцарија. Не е јасно зошто парите завршиле во тоалети , а не останале во сефот во банката и зошто биле искинати.

Шпанското семејство не ги сака парите назад , така што судот во Женева конечно решил парите да им ги подари на оние кои ги нашле низ тоалетите.

Бидејќи уништувањето пари не е казниво дело , полицијата им дозволила на новите сопственици на искинатите и полу уништени банкноти да си ги заменат во банка за нови петстотки.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер