Како бебе бил фрлен во контејнер , а сега раководи со компанија вредна 62 милиони долари (ВИДЕО)

Приказната за напуштеното бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп ги инспирираше многумина на социјалните мрежи.

Фреди Фигерс (30) во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете.

Фреди е роден во Кунинси (Флорида), а неговата мајка го оставила во контејнер веднаш по раѓањето. Натан и Бети Фигерс го посвоиле кога имал само два дена.

Сега тој е основач и извршен директор на компаниајта за комуникација „Фигерс“. Кога имал 9 години, го добил првиот компјутер што самиот го преправил. На 12-годишна возраст веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал компјутерска компанија.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој му направил патики со вграден GPS сигнал и двонасочна комуникациска врска. Програмата била продадена на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, тој ги вложи парите за да започне со компанијата „Фигерс“, денес најголемата телекомуникациска компанија во сопственост на Афроамериканец.

На 24-годишна возраст, Фигерс веќе дизајнирал 80 програми, а покрај неговиот неверојатен ум и работна етика, тој има и златно срце - модел во неговата заедница; спонзорира младински програми, нуди стипендии на ученици и студенти, плаќа сметки на пензионери ...

Трамп го прозва Бајден поради користење ливчиња за потсетување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод снимката на која се гледа како неговиот наследник Џо Бајден користи ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција.

Трамп на Телеграм ја сподели видео снимката, која ја објави телевизиската мрежа „ОАН" со коментар: „Можете ли да верувате? Не е чудно што нашата земја оди по ѓаволите".

Станува збор за прес-конференцијата која Бајден ја одржа во Корнвел, во Англија, за време на самитот на Г7.

Медиумите пренесоа дека на ливчињата за потсетување се наоѓале одговори на евентуални новинарски прашања, меѓу кои и оние што се однесувале на Министерството за правда. Некои од подготвените одговори гласеле: „Трамп ги злоупотреби овластувањата", „Сега ние тоа треба да го расчистуваме", „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола".

Инаку, тоа не е првпат Бајден да користи ливчиња за потсетување. Западните медиуми пренесуваат дека Бајден истите ги користел и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, како и на својата прва прес-конференција во март.

САД: Бурата Клоудет може да погоди седум милиони луѓе

 Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана.

Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното.

Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида.

– Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за итни случаи (GOHSEP) мобилизира тим за кризни ситуации и заедно со нашите локални партнери сме подготвени за сите неопходни итни случаи, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Вонредна состојба беше прогласена минатиот месец во Луизијана, каде во поројни дождови и поплави загинаа најмалку четири лица.

МВР: Санкционирани 194 мотоциклисти

Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република  Македонија.

Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

притисни ентер