3Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон
СветКако администрацијата на Трамп регрутира луѓе за ICEАмериканската имиграциска служба апси и депортира на сите ѕвона. Но, сцените на насилство и убиства предизвикуваат протести низ САД. Како луѓето се регрутираат за оваа служба и каква обука добиваат?Дојче Веле Американската имиграциска служба апси и депортира на сите ѕвона. Но, сцените на насилство и убиства предизвикуваат протести низ САД. Како луѓето се регрутираат за оваа служба и каква обука добиваат? Пред околу една година, Службата за имиграција и царина на САД (ICE) беше една од помалку познатите агенции во земјата. Меѓутоа, откако американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот втор мандат, службениците на ICE учествуваа во масовни депортации наредени од владата. Вкупно, според администрацијата на Трамп, 605.000 луѓе биле депортирани помеѓу 20 јануари и 10 декември 2025 година, а дополнителни 1,9 милиони имигранти наводно доброволно ги напуштиле САД. Тоа постојано води до конфликти, како овие денови во Минеаполис. Службениците на ICE убија второ лице таму за неколку недели. Снимката сугерира дека американскиот граѓанин бил застрелан во грб од блиску. Намалено времетраење на обуката Благодарение на кампањата за регрутирање на Министерството за внатрешна безбедност, која бара „квалификувани патриоти Американци низ целата земја“, бројот на оперативци на ICE се зголеми повеќе од двојно од почетокот на минатата година, од 10.000 на 22.000. Таквото обемно зајакнување е без преседан во историјата на имиграциската служба, основана во 2002 година. Тоа хо покренува прашањето за проверката и подобноста на кандидатите. Времетраењето на обуката за работа во ICE беше скратено од шеснаесет на осум недели за потребите на кампањата за регрутирање. Обврската за учење шпански јазик, јазикот на мнозинството нелегални имигранти во земјата, е целосно укината. Агенцијата не одговори на прашањата на DW за практиките на вработување. Смртоносни инциденти Загриженоста за квалификациите на службениците на ICE и наводната политизација на агенцијата се зголеми по смртта на двајца американски државјани во Минеаполис. На 7 јануари, агент на ICE ја застрела и уби Американката Рене Никол Гуд, предизвикувајќи протести низ целата земја. Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Минеаполис за да протестираат против повеќекратните инциденти поврзани со ICE - од убиството на Никол Гуд, до киднапирањето на американски државјанин, па сè до притворањето на деца. А веќе напнатата ситуација беше дополнително влошена од убиството на Американецот Алекс Прити. Тој беше застрелан и убиен од агенти на ICE во Минеаполис во саботата (24 јануари). „Акцент на квантитет“ „ICE бара кандидати кои исполнуваат одредени услови за подобност и квалификации. Тие вклучуваат државјанство, физичка подготвеност, безбедносни сертификати и, за одредени задачи, образование или искуство во спроведувањето на законот“, изјави за Дојче Веле американската обвинителка Мелиса Хамилтон, која претходно работеше и како полицаец и како затворски чувар. Таа објаснува: „Во исто време, неодамнешните кампањи за регрутирање ставија поголем акцент на квантитетот отколку на квалитетот, при што се трошат значителни ресурси за пополнување на десетици илјади работни места и создавање стимулации за привлекување што е можно повеќе кандидати“. Хамилтон, која предава кривично право на Универзитетот во Сари во Англија, вели дека ICE бара кандидати на необичен начин: „Сегашниот пристап варира во обемот и интензитетот на медиумската кампања. Преку необично висок буџет за рекламирање и обемна јавна промоција, се прави обид да се создаде голем број кандидати“. „Вашингтон пост“ виде документ од 30 страници кој ги проценува трошоците за кампањата, која Министерството за внатрешна безбедност ја нарекува „регрутирање во воено време“, на 100 милиони долари до 2026 година. На тој обем, кампањата треба да продолжи, бидејќи „Големиот прекрасен закон“ на Трамп му дава на ICE буџет од 170 милијарди долари во следните четири години за гранична безбедност и спроведување на домашниот закон. Кампања насочена кон базата на Трамп Меѓутоа, поважна од постерите и слоганите се чини дека е „јавна кампања базирана на податоци“. Многу набљудувачи претпоставуваат дека ICE користи модерни методи и алгоритми за да стигне до целните групи кои ја делат идеологијата на Трамп. Хамилтон укажува на практиката на таргетирање на луѓето врз основа на географска локација. Да речеме дека Гугл (Google) или она што луѓето го гледаат на Фајесбук (Facebook) и другите мрежи се прилагодува на тоа каде се наоѓаат. Значи, ако се во близина на воени бази, одредени спортски настани или изложби на оружје, тогаш можат да добијат оглас за да се приклучат на ICE. „Вашингтон пост“ објави дека ICE го преплавува пазарот со реклами на социјалните медиуми и користи инфлуенсери на платформи како „Рамбла“, популарни меѓу поддржувачите на политичката десница. „Пораката на ICE се чини дека е насочена кон луѓе кои се чувствителни на патриотски и прашањата за национална безбедност во последните кампањи. Се чини дека е дизајнирана да им се допадне на поддржувачите на Трамп и имплицитно ја пренесува пораката „Америка на прво место““, рече Хамилтон. Сепак, материјалите не ги специфицираат директните политички критериуми за кандидатите. Нововработените се привлечени од бонуси до 50.000 долари и помош при отплата на студентски кредити. „Кампањата е особено насочена кон луѓе кои се невработени или на несигурно вработување, како и кон луѓе од работничката класа“, вели Хамилтон. Колку е успешна новата стратегија? Покрај тоа, од почетокот на годината, старосните ограничувања се укинати. Така, може да се привлече поголем број потенцијални кандидати. Досега, кандидатите мораа да имаат најмалку 21 година. Горната старосна граница, во зависност од задачата, беше помеѓу 37 и 40 години. Министерството за внатрешна безбедност тврди дека неговите процедури за вработување гарантираат „ригорозни стандарди за обука и оперативна подготвеност“. А Хамилтон вели за успехот на кампањата: „Успехот зависи од применетите критериуми: ако целта беше значително да се зголеми бројот на вработени, тогаш се чини дека беше успешна. Ако целта беше да се привлечат службеници со многу искуство, резултатот е мешан. Кога станува збор за искуството на новите вработени, постојат загрижености со оглед на барањата за сложена работа во областа на контролата на имиграцијата“. Министерството смета дека оваа загриженост е неоправдана. „Со овие нови патриоти во тимот, можеме да постигнеме она што многумина го сметаа за невозможно и да го исполниме ветувањето на претседателот Трамп повторно да ја направи Америка безбедна“, се наведува во соопштението претходно овој месец.Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци. Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката. Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени. Iran’s IRGC released footage of Iran's Supreme Leader’s representative to the IRGC inspecting naval missile tunnels in southern Iran, housing anti-ship missiles and fast attack boats. https://t.co/R2v2YMOory — Clash Report (@clashreport) November 3, 2026 Видеото објавено по американските напади Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран. Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter