Како 5 годишната Лекси ги спаси своето братче и мајка си по тешка сообраќајка - Канал 5

Како 5 годишната Лекси ги спаси своето братче и мајка си по тешка сообраќајка

Ова мало девојче е вистински херој. Во јуни доживеала страшна сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возела со мајка си и 10 месечниот брат паднало во провалија...

Како 5 годишната Лекси ги спаси своето братче и мајка си по тешка сообраќајка
Канаѓанката Анџела Шумански тој ден ги возела своите деца кон дома, кога одеднаш се онесвестила. Возилото летнало низ провалија и удрило во дрво. Пет годишната Лекси се освестила со само неколку гребнатинки, и ја видела својата мајка онесвестена а братчето Питер повредено, и расплакано.

Од патот никој не можел да ги види. 5 годишната Лекси веднаш ја проценила ситуацијата и босонога се искачила кон автопатот да побара помош. Ако тоа не го сторела нејзините мајка и брат веројатно не би преживеале.

- Тоа што го направи Лекси е неверојатно. Ми рекоа дека пожарникарите и медицинските лица користеле јажиња да се спуштат до нас, а Лекси сама босонога се искачила по непристапниот терен. За наша огромна среќа првото возило кое таа успеала д аго запре било токму медицинско возило, луѓето веднаш знаеле дека не смеат да ме поместат, инаку сега ќе бев парализирана - изјави Анџела, мајката на Лекси, за Метро.

Сите тројца биле пренесени во болница во Едмонтон. Лекси имала мали повреди, а Питер имал повреда на мозокот. Анџела на две места на грбот имала скршеници.

И малиот Питер и Анџела добро се опоравуваат. Своите животи и ги должат на малата Лекси. Сега сите се дома со таткото Тревис, кој зел неплатен одмор од работа да се грижи за своето семејство.

Astonishing: Lexi (left) climbed barefoot up a 40ft creek after her mother Angela Shymanski (center left) passed out and veered off a cliff with 10-week-old brother Peter (center right) near Jasper, Alberta, Canada

/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата

Собраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. 

Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата

Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата.

Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето.

За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“.

Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање.

Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса.

Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што треба да знаат жените за симптомите на менопауза?

Симптомите ги засегаат повеќето жени

Што треба да знаат жените за симптомите на менопауза?

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) за првпат по 12 години ги ажурираше своите упатства за третман на брановите на топлина, ноќното потење, проблемите со спиењето и другите симптоми на менопауза, притоа нагласувајќи ја важноста на хормонската терапија.

Симптомите ги засегаат повеќето жени

Менопаузата настапува кога кај жената месечниот циклус изостанува 12 месеци по ред; во Соединетите Држави, тоа обично се случува околу 50-тата година од животот. Периодот пред тоа се нарекува перименопауза, тогаш телото произведува сè помалку хормони естроген и прогестерон.

Според податоците на Американски колеџ за акушери и гинеколози (ACOG), повеќе од половината жени во менопауза доживуваат бранови на топлина и ноќно потење, до две третини пријавуваат нарушувања во сонот, а повеќе од една третина од жените ширум светот – како во перименопаузата, така и во постменопаузата, имаат симптоми на депресија.

Лекарите истакнуваат дека многу жени порано страдале во тишина. Д-р Џоен Менсон, професорка по медицина на Медицинскиот факултет при Харвард, посочува дека постои сè поголема согласност дека овие симптоми треба да се третираат. Според неа, новите упатства се усогласени со оние на другите медицински здруженија.

„Умерените до тешки, или пак непријатни симптоми на менопаузата, треба да се третираат со хормонска терапија како прва линија на лекување“, вели Менсон, додавајќи дека иако таквата терапија не е за секоја жена, сепак претставува добра опција за многумина.

Предупредувањето за лековите стоеше 22 години

Долго време, некои жени и лекари се резервирани кон хормонската терапија. Во 2002 година, едно големо истражување, во кое учествувале жени што земале таблети со комбинација од естроген и прогестин, било предвреме прекинато поради поврзаноста со рак на дојка, крвни згрутчувања и други сериозни здравствени проблеми. Подоцнежни студии покажале дека кај многу жени придобивките од современите хормонски терапии ги надминуваат ризиците, но сепак, загриженоста останала присутна. Повеќе од 22 години, сите хормонски лекови за менопауза содржеле предупредување од американските власти, факт што, според д-р Менсон, ги одвраќал и пациентите и лекарите. Минатата година, Агенцијата за храна и лекови (FDA) објави дека ќе го отстрани ова предупредување од преку 20 видови таблети, фластери и креми што содржат естроген и прогестин.

Како резултат на ова, интересот за овие лекови се зголемил, при што некои жени пријавуваат тешкотии во набавувањето на естрогенски фластери во одредени дози и форми. FDA наведува дека не е запознаена со каков било непосреден ризик од недостиг на национално ниво, притоа истакнувајќи дека производителите во текот на минатата година го удвоиле своето производство воведувајќи дополнителни смени и зголемувајќи ги капацитетите.

Одлука донесена заедно со лекар

„Неспорно е дека хормонската терапија е прва линија на третман и најефикасен начин за справување со брановите на топлина“, вели д-р Стефани Фобион, медицински директор на Здружението за менопауза (The Menopause Society).

Во упатствата детално се опишани различните видови терапија. Системските терапии – кои делуваат на целото тело – се достапни во форма на таблети, фластери, спрејови, гелови или вагинален прстен; тие внесуваат доволно хормони во крвотокот за значително да ги ублажат симптомите, како што се брановите на топлина. Вагиналниот естроген во ниски дози се применува локално, при што многу мала количина навлегува во крвотокот; затоа, тој најчесто им се препишува на жени чиј главен проблем е вагиналната сувост.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози препорачува лекарот и пациентката заеднички да одлучат за планот на лекување, земајќи ги предвид придобивките и ризиците, врз основа на возраста и здравствената историја на пациентката. Доколку се процени дека хормонската терапија е соодветна, се препорачува таа да се започне пред 60-тата година од животот или во рок од 10 години од почетокот на менопаузата.

Нехормонски опции

За жените кои претпочитаат да не користат хормонска терапија, или за кои таа е медицински контраиндицирана, лекарите можат да препорачаат алтернативни лекови. Фезолинетант (fezolinetant) делува на делот од мозокот што ја регулира телесната температура, блокирајќи една од основните причини за појава на бранови на топлина и ноќно потење; елинзанетант (elinzanetant) делува на сличен начин. Одредени антидепресиви, исто така, можат да помогнат во ублажувањето на брановите на топлина и депресијата.

Од ACOG напоменуваат дека постојат и докази што ги поддржуваат нефармаколошките пристапи за справување со брановите на топлина, ноќното потење, како и проблемите поврзани со спиењето и расположението. Тука спаѓаат когнитивно-бихевиоралната терапија, свесното присуство (mindfulness), физичката активност, клиничката хипноза и акупунктурата, кои можат да се користат самостојно или во комбинација со лекови.

Д-р Клер предупредува и на присуството на дезинформации за третманот на менопаузата на интернет и ги повика жените сите свои прашања да ги упатат до лекар.

„Жените имаат избор – многу опции, како хормонски, така и нехормонски. Не смее да им се вели дека ништо не може да се преземе во врска со нивните симптоми“, изјави Фобион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“.

Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“.

„Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“.

Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News.

Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико.

Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови.

Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија.

Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер