Кајри Ирвинг останува во Бруклин - Канал 5

Кајри Ирвинг останува во Бруклин

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг одлучи да ја активира последната година од договорот и ќе остане во Бруклин Нетс, иако многу се зборуваше за неговото заминување, а најчесто беше поврзан со Далас Маверикс.

Кајри Ирвинг останува во Бруклин

- Обичните луѓе го одржуваат светот. Решив да останам, да ја активирам последната година од договорот и да се видиме наскоро, им порача на навивачите на овој клуб 30-годишниот кошаркар кој во последните три години одигра само 103 натпревари како играч на Бруклин.

Причина за малиот број на натпревари се повредите, но и неговата одлука да не ја зема вакцината за Ковид-19, што значително му го намали бројот на настапи. Со оваа одлука за останување, Ирвинг следната сезона во Нетси ќе заработи 36,9 милиони американски долари.

Минатата сезона Ирвинг имаше просек од 27,4 поени, 5,8 асистенции, 4,4 скока и 1,4 украдени топки на 29 натпревари, но Кевин Дурент (Дјурант), тој и останатите заглавија во првото коло од плејофот кога беа поразени од Бостон Селтикс со лесно 0-4.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска.

Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција.

Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин.

Во одговорот до ФУЕН, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, изрази искрена благодарност за континуираната грижа и посветеност на Унијата во заштитата и унапредувањето на правата, идентитетот, јазикот и културата на Македонците во Албанија.

„Усвојувањето на оваа резолуција е значаен чекор кон зајакнување на заштитата на малцинските права и обезбедување загриженоста и легитимните барања на македонското малцинство во Албанија да го добијат вниманието што го заслужуваат на европско ниво“, истакна Стерјовски.

Тој исто така го поздрави признанието што ФУЕН му го оддава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за неговата активна работа и изрази подготвеност за понатамошна заедничка соработка во насока на целосно спроведување на резолуцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејн го собори рекордот на Меси – сега го брка оној на Роналдо!

Капитенот на Англија, маестралниот центарфор на Баерн Минхен, Хари Кејн испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите со два гола во Ставангер.

Кејн го собори рекордот на Меси – сега го брка оној на Роналдо!

Англискиот напаѓач сега има постигнато 36 гола на 40 натпревари во ова натпреварување по својот 30-ти роденден, со што го надмина рекордот на Лионел Меси од 35 гола на истата возраст.

Триесет и тригодишниот Кејн исто така има импресивна серија, откако постигна гол на девет последователни натпревари во Лигата на шампионите.

YouTube video

Пред него, таков успех постигнале само Руд ван Нистелрој, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо, кој го држи рекордот со постигнат гол на 11 последователни натпревари.

И покрај одличната форма на Кејн, Баерн одигра нерешено на гостувањето кај Викингс во второто коло од Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигар

Американскиот претседател Доналд Трамп објави шокантно видео, создадено со вештачка интелигенција, на кое се гледа како се бори со тигар – истото животно што пред неколку дена усмрти млад човек во една англиска зоолошка градина.

 Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигар

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое се бори со тигар што усмртил човек во зоолошка градина во Англија, пишува „Tchno“.

На видеото, објавено на „Truth Social“, Трамп го соборува тигарот на земја, го прегрнува и се смее.

Видеото претставува обработена снимка од зоолошка градина во Јоркшир, од моментот кога 22-годишниот Вилијам Чапман влегол во кафез со тигар, кој потоа го убил.

Несреќата се случил во саботата, на 10 октомври, а зоолошката градина оттогаш е затворена. Алтај, четиригодишен сибирски тигар од зоолошката градина во Јоркшир, нема да биде усмртен, објавија британските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер