Кајри Ирвинг не можеше да игра против Мемфис поради проблеми со стапалото - Канал 5

Кајри Ирвинг не можеше да игра против Мемфис поради проблеми со стапалото

Еден од најдобрите кошаркари на Далас маверикс, Кајри Ирвинг, поради проблеми со стапалото не можеше да излезе на теренот на мечот со Мемфис гризлис.

Кајри Ирвинг не можеше да игра против Мемфис поради проблеми со стапалото

Маверикс решија да поштедат Кајри од игра во последен момент. Тежината на повредата не е соопштена.

Во првите два натпревари од сезоната, Ирвинг имаше просек од 19,5 поени, 4,5 скока и 6,0 асистенции по натпревар.

Натпреварот во Мемфис го доби Далас со 125:110.

Далас маверикс има максимален ефект по првите три свои натпревари во новото издание на НБА-лигата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријави

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје - Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје.

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријави

Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш потоа, во 21:35 часот тој е лишен од слобода и бил пронајден ножот, а по документирање на случајот му е поднесена пријавата, по што е спроведен во пред судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Додека, Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против С.Р.(57) поради псотоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” по член 131 и „телесна повреда" по член 130 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека во повеќе наврати физички ги напаѓал неговата 47-годишна сопруга, нивните две ќерки и нивниот син, а последен пат тоа го сторил на 07.08.2026 кога во семејниот дом во скопско со тврд предмет ги нападнал сопругата и една од ќерките, при што на сопругата нанел тешка телесна повреда, а на ќерката телесна повреда. По преземени мерки, на 08.08.2026 во 09:40 часот тој е лишен од слобода и во консултација со ОЈО му е поднесена пријавата по брза постапка, а од судија на претходна постапк му е одреден притвор во траење од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола доби три целосно реконструирани улици и 98 нови паркинг места

Седмицата која изминува беше доста активна во делот на асфалтирање улици и нови паркинзи во Битола. 

Битола доби три целосно реконструирани улици и 98 нови паркинг места

Општината изгради нов паркинг простор во поранешната касарна на површина од 1550 м2 со што обезбедени се 73 нови паркинг места. Вредноста на проектот е 6.256.014,18 денари. Се асфалтираше и улицата „Козара“. Проектот опфати асфалтирање на коловоз и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во должина од 230 метри.

Вредноста на инвестицијата е 4.000.000 денари.

Центарот на Битола доби нов паркинг простор. Успешно се реализира проектот за изградба на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“. На површина од 1100 м2 обезбедени се 25 нови паркинг места. Вредноста на овој проект е 2.752.772 денари.

Освен улицата „Козара“ се асфалтираа и други две улици кај Здравствениот дом. Станува збор за улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ во должина од 220 метри, а вредноста на овој инфраструктурен проект е 6.073.392 денари.

Од утре почнуваат и градежните активности за изградба на уште еден паркинг простор во Битола, на местото викано кај „Ат Пазар“

Посветено и со многу внимание се грижиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%

Забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи.

Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам.

Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд.

Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%.

Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација.

Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.

Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници.

Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор.

Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места.

Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати.

Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер