Кајри Ирвинг донира 500.000 долари, откако рекламирал филм со антисемитска содржина - Канал 5

Кајри Ирвинг донира 500.000 долари, откако рекламирал филм со антисемитска содржина

Американската кошаркарска ѕвезда Кајри Ирвинг вчера призна дека промовирањето на антисемитски филм на неговите социјални мрежи имало „негативно влијание“ врз еврејската заедница.

Кајри Ирвинг донира 500.000 долари, откако рекламирал филм со антисемитска содржина

Тој потоа ветил дека ќе донира 500.000 долари на организациите кои работат на искоренување на омразата и нетрпеливоста.

Неговиот клуб, Бруклин Нетс, ја презеде истата финансиска обврска, тие заеднички објавија во соопштението за печатот што го напишаа заедно со Лигата за борба против клеветата (АДЛ). Оваа невладина организација, чија цел е да ги поддржи Евреите во борбата против сите форми на антисемитизам, најостро го осуди објавувањето на постерот на филмот "Hebrews to Negroes: Wake Up Black America" на Твитер и Инстаграм на Ирвинг , и неговото споделување на врска на Амазон за изнајмување или купување на филмот.

Тој филм е режиран во 2018 година од Роналд Далтон Јуниор, а станува збор за документарен филм кој е адаптација на истоимената книга од 2015 година, во која меѓу другото пишува дека „многу познати високо рангирани Евреи признале дека го обожаваат сатаната или Луцифер“.

„Свесен сум за негативното влијание на мојата порака врз еврејската заедница и преземам одговорност за тоа“, рече Ирвинг. „Не верувам дека нешто што е кажано во филмот е вистина или дека го одразува мојот морал и принципи.

„Не сакав да наштетам на ниту една група, раса или религија, само сакам да бидам светилник на вистината и светлината“, додаде играчот, кој првично го бранеше своето право да ја објави врската за време на жестоката прес-конференција, пред конечно се повлече.

„Оваа антисемитска етикета што ми е прикачена не е оправдана и не ја отсликува реалноста или вистината во која живеам секој ден. Ги прифаќам сите позадини и сите религии, сакам да учам од нив“, рече тогаш бранејќи се.

Во петокот, сопственикот на Нетс, Џо Цаи, ја осуди неговата иницијатива, велејќи дека е „разочаран што Кајри изгледа дека поддржува филм заснован на книга полна со антисемитски дезинформации“. Во критиките на Ирвинг му се придружија и поранешните ѕвезди, па Шекил О'Нил го нарече „идиот“, а Чарлс Баркли протестираше што НБА не го суспендирале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.

Општина Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри.

Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

„Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром“, изјави градоначалникот Митески.

13.8.2026

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Германската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност.

Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“.

Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“.

„Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон.

HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе.

Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање.

Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага.

„Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма.

По утрешното отворање на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски на НУ Драмски театар Скопје, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведбата на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје.

Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски. На 21 август (петок) на програмата на фестивалот е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов - Кико Магико. Годинашниот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова.

Монодрамата „Кармен“ на фестивалот во Неготино ќе биде изведена 51. пат по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година.

Претставата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер