Кајли ја продава луксузната вила за 21,9 милиони долари на Беверли Хилс (ФОТО) - Канал 5

Кајли ја продава луксузната вила за 21,9 милиони долари на Беверли Хилс (ФОТО)

Кајли Џенер и Тревис Скот ја продаваат својата луксузна куќа во Беверли Хилс за 21,9 милиони долари, пишува TMZ.

Кајли ја продава луксузната вила за 21,9 милиони долари на Беверли Хилс (ФОТО)

Вилата од 3.000 метри квадратни се наоѓа во населбата Бенедикт Кањон, има осум комплетно опремени бањи и седум спални соби. Вилата е опкружена со градина, а посебна карактеристика на овој тип на градби се големите стаклени ѕидови и прозорци кои се протегаат по целата должина на собите.

Кујната е направена од бел мермер и црни плакари, до неа има сала за појадок и шпајз. Покрај тоа, има и трпезарија која излегува на тераса.

Главната спална соба има простор за седење, како и приватен балкон со поглед на градот и кањонот. Најмалку една од бањите е опремена со луксузна када и телевизор, плакари и камин.

Вилата има и кина, билијард со мермерен бар, салон, семејна соба, гаража за три автомобили, дневна соба со камин и соба за шминка. Се наоѓа во тивка улица, ќорсокак и има систем за надзор на влезот.

Кајли и Скот ја купиле оваа палата во 2018 година за 13,5 милиони долари. Заедно со оваа куќа, Џенер поседува и голем број други имоти: замок од 36 милиони долари во Хомбли Хилс, плац од 15 милиони долари, а моментално гради пустински замок за одмор во клубот Медисон во Ла Квинта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. 

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси.

Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата.

На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година.

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.

Со филмот „Фантази“  и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)

Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.

Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:

Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.

Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.

Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. 

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер