Кајли Џенер: Прекрасна сум за да обрнам внимание на вас(Фото) - Канал 5

Кајли Џенер: Прекрасна сум за да обрнам внимание на вас(Фото)

Младата бизнисменка и реалити ѕвезда Кајли Џенер работи на нова кампања за својот бренд „Khy“, но овој пат во соработка со бренд за бикини.

Кајли Џенер: Прекрасна сум за да обрнам внимание на вас(Фото)

Фотографиите што ги направија заедно ги „запалија социјалните мрежи“. Скоро сите се воодушевени од изгледат на Кајли во минијатурното бикини.

Убавата Кајли единствените критики ги добива од фановите на нејзиното момче, Тимоти Шаламет, кои воопшто не ѝ простуваат за оваа врска.

Но, без разлика на овие критики, Кајли редовно позира за Инстаграм и им кажува на сите дека е премногу убава за да обрнува внимание на лошите коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер на саудиски нафтен гигант, загинаа 14 лица

Хеликоптер на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ денеска се урна во Рас Танура, при што загинаа 14 лица, објави државната новинска агенција СПА, а пренесе „Анадолу“.

Се урна хеликоптер на саудиски нафтен гигант, загинаа 14 лица

Сите загинати се саудиски државјани, објави СПА, повикувајќи се на официјален извор од саудиското Министерство за енергетика.

Во тек е истрага за да се утврди причината за несреќата.

Рас Танура, кој се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија долж Персискиот Залив, е еден од главните центри за рафинирање и извоз на нафта во кралството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Утре ќе биде најтоплиот ден во Македонија годинава, со температури кои на некои места ќе достигна и до 40 степени..

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од вторник веќе се очекува постепена промена на временските услови и намалаување на темрпатурите...

Официјални мерки не се прогласени, но лекарите препорачуваат избегнување подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, внесување повеќе течности и дополнителна внимателност кај повозрасните лица и хронично болните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред уништен споменик на децата бегалци во паркот Жена-борец се одбележа 80 годишнината од Граѓанската војна во Грција

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија пред споменикот на Децата бегалци во Паркот „Жена –борец“ се одржа  одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција.

Пред уништен споменик на децата бегалци во паркот Жена-борец се одбележа 80 годишнината од Граѓанската војна во Грција

Оставен да сведочи не само за една од најболните страници од македонската историја, туку и за годините негрижа и видливите траги од вандализам. Бел бетон без плочи и натписи, вака денеска изгледа споменикот на децата бегалци, осум децении по почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78 години од прогонството на македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Не случајно секоја година комеморацијата се одржува токму овде во паркот жена борец, кај овој споменик, кој што треба да го симболизира страдањето и прогонството на илјадници македонци од Егејска Македонија. Но организаторите се жалат токму на состојбата овој споменик. Низ годините тој е често мета на вандализам, меѓутоа реагираат и на самата институционална негрижа..

Иако демолирањето се случувало повеќепати од 2019 година, претсетаделот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, вели дека биле поднесени кривични пријави и испратени дописи до владата, но без епилог, што според него дополнително ја продлабочува неправдата. Тој додава дека зад вандализмот стои смислена намера од анти-македонски центри. Како позитивен чекор ја посочи најавата од Министерството за култура дека во тек е изработка на нова плоча од оригиналната авторка, која наскоро треба повторно да биде поставена

„ Денес стоиме пред обелен бетон и не ни преостанува ништо друго освен да кажеме засрамете се.. Полицијата и обвинителството истрагата за извршителите за овој вандализам до ден денешен не ја завршија, а владата со прст не мрдна споменикот да се реставрира. Невозможно е карши собрание со толку камери на овој јавен простор да нема индиции за сторител или сторители..“

Здруженијата оценуваат дека запоставениот споменик е само дел од поширокиот однос кон македонското историско прашање. Според нив, политичките договори од 2017 и 18 година дополнително ја влошиле состојбата на македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел. Велат дека и натаму има случаи на дискриминација при влез во Грција, со враќање од граница со образложение дека претставуваат закана за националната безбедност на државата.

„Бараме македонската Влада во односите со Грција да изнуди поништување на сите забрани од владата во Атина за влез на македонци од Македонија, со обвинение опасни по националната безбедност на Грција. Бараме слободно движење за сите во Македонија и Грција и почитување на слободата на мислата и гласот. “

До Владата, Собранието и претседателката здруженијата побарале и усвојување на резолуција, за како што наведуваат, извршениот геноцид врз македонскиот народ и со барање 10 август да биде прогласен за ден на негово меѓународно одбележување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер