Кајли Џенер ја покажа својата вила од 36 милиони долари, фановите не се воодушевени (ВИДЕО) - Канал 5

Кајли Џенер ја покажа својата вила од 36 милиони долари, фановите не се воодушевени (ВИДЕО)

Кајли Џенер минатиот викенд објави видео на TikTok во кое покажува како изгледа нејзината палата, но реакцијата на фановите беше измешана.

Кајли Џенер ја покажа својата вила од 36 милиони долари, фановите не се воодушевени (ВИДЕО)

Замокот, кој се наоѓа во елитниот кварт на Лос Анџелес, Хомби Хилс, вреди 36 милиони долари, пишува магазинот Dirt. Се состои од седум спални соби, а на имотот има два апартмани за гости и сместување за телохранителите.

Вилата е опремена со барови, теретана, домашно кино, базен и соба за игри, но на разочарување на обожавателите, ријалити ѕвездата само покажа како изгледа нејзината дневна соба.

Иако Кајли на почетокот на видеото ги извести фановите дека нема да им ја покаже целата палата, многумина останаа разочарани, а не недостигаа и забавни коментари.

„Девојко, сврти ја камерата“, „Се чувствувам како да сме на FaceTime“ и „Само покажи ни ја куќата“, се дел од коментарите на нејзиното видео кое е прегледано повеќе од 20 милиони пати.

@kyliejenner Replying to @habibi ♬ original sound - Kylie Jenner

Сепак, и покрај кратката тура, Кајли откри дека го сака својот бар поради „убавата ламба“ и дека летово има намера да почне да учи да свири пијано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.

Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија.

Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.

Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.

Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси.

А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година.

Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова.

Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. 

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат.

Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет.

Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула.

Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат.

До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар.

Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство.

За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони.

Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте.

Сметката ја плаќа граѓанинот.

А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова.

Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица.

Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната.

Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат.

Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53.

Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит.

Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот.

Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант.

Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата.

Скопје 10.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер