3Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
МакедонијаКаја Шукова: СДСМ бара кривична одговорност за еколошоката катастрофа на Крива РекаЗдравјето на луѓето е во ризик, СДСМ бара кривична одговорност за еколошоката катастрофа на Крива Река.За еколошка катастрофа со излевање на отрови, тешки метали и цијанид во Крива Река мора да има кривична одговорност. Се работи за институционални пропусти кои довеле до директна закана по здравјето и животот на граѓаните. Земјоделски површини, бунари, води по теченијата на Крива Река, Пчиња, Вардар се загрозени. Прашањето е: колку граѓаните се изложени на контаминирана храна опасна по здравјето? Сите пазари во Скопје, Куманово, Велес, Паланка – се снабдуваат со производи кои се наводнуваат токму од овие води. Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност. Екоцидот е кривично дело согласно македонските закони. Односот и непостапувањето на државните институции е катастрофален и мора да има одговорност. Инспекторатот за животна средина затаил, ја минимизирал хаваријата со тврдења дека се излеала „само вода“. Нашите последни информации кои ги проверуваме говорат дека директорката на Инспекторатот за животна средина можеби не ги исполнувала ниту условите за 6 години работно искуство за што бараме одговори. Дали кога била назначена ги исполнувала законските услови или не? Целиот систем е погрешен и наместо да работи во заштита на граѓаните системот ги штити бизнисите на блиските до ДПМНЕ ризикувајќи го здравјето на луѓето. Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови. Уште посрамно – наместо да бара одговорност, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Спасовски, ја го напаѓаше градоначалникот кој единствено што направи – беше да ја објави вистината. Очигледно ДПМНЕ свесно го штити рудникот Булмак 2016 и дозволено ми е да прави што сака. СДСМ бара: -Темелна, независна и итна истрага со утврдување на кривична одговорност. -Комплетно испитување на водите во Крива Река, Пчиња и Вардар. -Јавно објавување на сите инспекциски извештаи за рудникот Тораница.-Оставка на пратеникот Емил Спасовски кој свесно ширеше дезинформации.-Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016 поради сериозни и повторени прекршувања. Ова не е локален проблем. Ова е прашање на јавна безбедност и здравје. Ова е аларм за целата држава. Или ќе има правда, или ќе има соучесништво. Средина нема. Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагбиПубликата на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство. Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот. The way 🇬🇧sport🌍 is happy to have P.Harry home. They know he draws international media to any events.🤣🤣🤣🤣 — Mansah T(SussexMegHive/BeyHive) (@DaimondSussex29) October 10, 2026 Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл. Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP. 🤣Harry booed at English rugby match The Prince was pictured on the big screen at Leicester’s Welford Road, but there were audible boos from spectators before TNT cameras cut away. “Some boos were there”, said TNT commentator Nick Mullins before returning to the match action. https://t.co/9Ai4OvuNjH — HarrysGreySuit (@hrrysgreysuit) October 9, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалДали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решениеСветското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период? Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден. Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината. Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици. Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус. Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата. Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар. Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник. Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации. Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветАмериканец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена женаДевет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора. „Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“ Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата. Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“. Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица. Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter